Социјалните мрежи го претставуваат белегот на новото време. Модерното општество тешко може да се замисли и оствари без постоење на платформите за брза и едноставна интеракција помеѓу корисницните. Меѓутоа, покрај неизмерно големиот позитивен потенцијал кои тие го поседуваат, уште на самиот почеток беше јасно дека во солидна мера истите ја загрозуваат приватноста.

Мислењата се поделени, но факт е дека социјалните мрежи не беа направени со цел да ја заштитат приватноста на поединецот. Секако, можеме да навлеземе во конспиративните идеи дека нивната примарна намена е всушност масовниот надзор и контрола, кој де факто се случува, но не е се така едноставно.

Имено, Facebook реши да направи исчекор по тоа прашање и да ја заштити приватноста на своите корисници преку забрана за превземање на информации и податоци од својата дата-база. Промените всушност, претставуваат надополнување на регулативата која е веќе на сила, но овој пат, поконкретно објаснува дека превземањето на податоци насочени кон креирање на алатки за следење и надзор е забрането.

Одлуката доаѓа како резултат на инцидентот кој ја разниша репутацијата на најпопуларната социјална мрежа, а е поврзана со протестите во американскиот град Балтимор. Како што е познатно, протестите кои ги зафатија САД беа од досга незабележани размери, што предизвика американската полиција да го „вклучи алармот“ и на располагање да ги стави сите дозволени и помалку дозволени инструменти со цел да ја стави ситуацијата под контрола.

Полицијата, користејќи ја алатката Geofeedia успеала да извлече важни информации и да го мониторира протестот преку социјалните мрежи Facebook, Twitter и Instagram. Независно од намерата, која може да се каже била во насока на одржување на редот и спроведување на законите, Facebook процени дека пристапот е несоодветен и задира во основните човекови права. Кон критиките се приклучи и Twitter, па така, трите најпопуларни социјални платформи излегоа со нова, засилена регулатива која гарантира приватност на своите корисници.

Меѓу другото, може да се заклучи дека ваквиот потег доаѓа и како резултат на силните притисоци кои овие корпорации го добиваат од разни граѓански здруженија и организации кои се борат за слободата на говорот и промоција на диверзитетот. Интересно е да се наведе дека истите здруженија и организции се јавуваат и како организатори на протестите од кои потекнува проблемот. Ситуацијата е по се очекувана, бидејќи едноставно прашање на време беше кога социјалните мрежи ќе станат спрегата помеѓу државата, односно законот и граѓанската слобода, во која и да е форма.

Претходна статијаЕвропа има нов план за производство на зелена енергија
Следна статијаПознати кодните имиња за новите Pixel 2 смартфони на Google