Според информациите добиени од истражување кое го има направено Facebook во Индија во соработка со локални организации за безбедност, тие имаат дојдено до заклучок дека не сите корисници се чувствуваат сигурно да стават слика од себе како профилна слика на мрежата.

Тоа е така поради фактот што профилните слики, како и насловните, се јавни, па секој може да ги види. Она што корисниците можат да го сокријат е можноста за покажување на лајковите и коментарите на таа слика, меѓутоа истата останува достапна во оригиналниот формат за сите корисници на друштвената мрежа.

Со цел да им овозможи подобра заштита на корисниците, Facebook во Индија воведе нова функција која тие се надеваат дека ќе ја овозможат и за остатокот од светот.

Функцијата е наречена Чувар/стражар на профилната слика, односно Profile picture guard. Истата корисниците ќе може да ја вклучат од нивниот профил, а ќе им ги овозможи следните предности:

  • Другите корисници на Facebook веќе нема да можат да ја симнат профилната слика, како и да ја споделат или да ја пратат преку порака на Facebook
  • Корисниците со коишто не се пријатели на Facebook нема да може да означат никого на таа слика, вклучувајќи се и себеси
  • Каде што е возможно, спречено ќе биде правење на screenshot од сликата на Facebook, односно моментално само на Android уредите
  • Околу сликата ќе биде поставена рамка со посебна ознака (штит икона), како предупредување до корисниците дека сликата е заштитена.

Покрај оваа можност, корисниците ќе имаат и можност да ставаат посебни додатоци на сликите, поточно дизајни, кои според Facebook ги демотивира другите да ја симнуваат сликата.

Се разбира, Facebook може едноставно да направи да профилната слика на им се прикажува на одредени корисници на мрежата, но очигледно тоа не сака баш така да го реши.

Извор: Facebook

Претходна статијаGoogle Glass се враќа од мртвите – доби нова софтверска надградба
Следна статијаLenovo претстави концепт за лаптоп со свитлив дисплеј
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.