Фото: TNW
Фото: TNW

Facebook неодамна ја претстави опцијата за менување на бојата на позадината на статусите, меѓутоа, сега ја проширува намената на ваквата опција и на коментарите. Опцијата за сега е достапна само на мал дел на корисници, но се очекува да наиде на широка примена.

Како што може да се забележи, корисникот има опција да ги постира своите коментари на шарена или еднобојна позадина, во боја по сопствен избор. Сличен тренд беше забележан во „далечните“ 2000-ти години на тогаш популарниот MySpace. Тестирањето на оваа новина иницијално беше одржано во декември минатата година и беше достапно само за корисниците на Andoriod.

Од Facebook сѐ уште нема официјална потврда кога „шаренилото“ ќе ја преплави социјалната мрежа, меѓутоа останува прашањето, на кого му е потребно сето ова и која е практичната примена на оваа новина?

Извори: TNW, The Verge

Претходна статијаHuawei го помина Apple како втор најпродаван бренд на смартфони во светот
Следна статијаОд денес официјално е лансиран сервисот misejade.mk кој има за цел да ви помогне да го одберете идеалениот оброк