Најпопуларната социјална мрежа Facebook бележи пад на популарноста кај најмладата популација, велат истражувањата на eMarketer. Паралелно со овој тренд, се бележи неверојатно позитивен раст на социјалните платформи Snapchat и Instagram, кај истата старосна популација.

Ваквиот тренд, според некои објаснувања, се темели на фактот дека помладата популација фаворизира повеќе визуелна комуникација. Како што е познато, Snapchat и Instagram се темелат на визуелна комуникација, односно содржините кои се споделуваат на овие социјални мрежи се доминантно визуелни, односно во фото и видео формат.

Според проекциите на eMarketer, се вели дека во завршницата, Snapchat всушност ќе го превземе лидерското место кај најмладата популација, па дури и кај корисниците на возраст помеѓу 18 и 24 години. Ваквиот пресврт, според eMarketer е можно да се случи веќе годинава. Од Snapchat се очекува да поседува удел од 40,8% од корисниците на социјални мрежи кој дополнително ќе расте и ќе го достигне својот апекс во 2021-ва година.

Facebook е свесен за ваквата состојба, па во таа насока се обиде да ја разбие конкуренцијата со тоа што Instagram доби „клонирани“ опции врз кои претходно Snapchat имаше монопол. Меѓутоа, тоа успеа само да ги намали размерите, но не и да ги донесе посакуваните резултати.

Всушност вистинската борба која се води, не е за актуелните корисници туку за генерациите кои доаѓаат. Во таа насока, eMarketer ќе каже дека трендот кај најмладите корисници е се повеќе ориентиран кон напуштање на Facebook, на сметка на новите визуелни апликации за комуникација.

Извори: TechCrunch, eMarketer

Претходна статијаChrome ќе ги „замолкне“ иритантните, бучни сајтови
Следна статија„Проширена реалност“ е иднината на автоиндустријата