fb-messenger-icon

Facebook веќе одреден период работи на „еволуција“ на нивниот Messenger, во нешто повеќе од обичен сервис за комуникација, односно испраќање на обични текстуални пораки. Тоа значи дека Messenger овозможува повеќе видови на комуникација, стикери, ботови, можност за комуникација со компаниите и повеќе.

Оваа недела од компанијата ја претставија 1.2 верзијата од Messenger платформата, а со истата доаѓаат неколку новини, односно подобрувања во постојните функции.

Една од главните новини е можноста за плаќање директно од Messenger. Досега корисниците кои преку комуникација со компаниите или нивните ботови сакаа да купат нешто, за истото мораа да ја отворат веб страната или апликацијата на таа компанија. Сега во соработка со повеќе банки и сервиси за плаќање, корисниците ќе можат да ги направат плаќањата директно од Messenger без потреба од напуштање на апликацијата.

Исто така, поради се поголемиот број на компании кои овозможуваат комуникација со клиентите преку Messenger, Facebook рекламите ќе може да носат директно до оваа апликација.

14356748_858727817560016_475090106_n

Покрај овие новини, Messenger исто така добива можност за споделување на ботови и разговорите со нив на пријателите, подобро прикажување на мобилните страни од компаниите, екран за добредојде за страните и ботовите и повеќе.

Facebook Messenger дефинитивно станува многу повеќе од обичен сервис за комуникација. Искуството коешто Facebook го пренесува покажува дека новините се одлично прифатени од програмерите и компаниите, а новите можности само ќе се развиваат и подобруваат.

Извор: Facebook, VB

Претходна статијаYi M1 е супер евтин фотоапарат со променлива оптика на micro 4/3 стандардот
Следна статијаНовиот скенер Xerox DocuMate 3125 со брзината и компатибилноста ја подобрува продуктивноста
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.