Facebook Messenger на Android, iOS и десктоп од оваа недела им овозможува на корисниците да групните разговори ги прават лице во лице, односно преку групен видео повик.

Ограничувањето на видео повиците е на 6 учесници, но корисниците имаат можност да вклучат до вкупно 50 учесници во разговорот кои ќе може да го следат истиот или да учествуваат преку аудио. Кога се вклучени повеќе од 6 учесници, видеото на тој што моментално разговара ќе биде прикажано.

Започнување на групен видео повик е едноставно. Се што треба да се направи е да се притисне на новата икона за видео повик во групен разговор, ново креиран или веќе постоечки, по што може да се изберат луѓето коишто ќе се вклучат.

За време на видео разговорите, корисниците може да продолжат да пишуваат текст, да лајкуваат, но и да додаваат некој од новите ефекти воведени во апликацијата.

Messenger со оваа нова можност влегува во директна конкуренција на останатите сервиси кои ја нудат оваа можност поодамна, па ќе биде интересно да се види каков ќе биде успехот.

Веќе нема некоја од познатите апликации за разговори која не нуди ваква или слична можност, па изгледа изборот на корисниците се сведува на тоа која од нив веќе ја користат најчесто и за обични текстуални разговори.

Со оглед на популарноста на Messenger, како и групните разговори, може да се очекува дека оваа функција ќе биде доста користена и прифатена од корисниците.

 

Извор: Facebook

Претходна статијаБританските власти планираат да го блокираат сигналот на мобилните во автомобилите
Следна статијаTesla и мастерпланот на Елон Маск реализирани во 2016
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.