fb-messenger-icon

Facebook воведе две нови функции во нивниот познат Messenger, меѓутоа за почеток само за корисниците од САД. Тоа значи дека проширувањето во остатокот од светот ќе зависи од реакцијата и користењето на овие корисници.

Едната, која може да се покаже како интересна за повеќето корисници е можноста за додавање на анкети во групните разговори. Корисниците може да започнат анкета, односно да постават прашање и да дадат повеќе можни одговори за истото.

facebook-messenger-polls

Корисниците во групниот разговор потоа можат да ги дадат своите одговори и со тоа полесно да се договорат за работи како на пример, во која кафана да одиме вечер и слично.

Втората функција која е додадена вклучува автоматско додавање на копче за плаќање преку Messenger, секогаш кога ќе биде забележан разговор поврзан со долгови. Па така, доколку со вашиот пријател разговарате за тоа дека ви должи пари, кај него ќе се појави копче преку кое веднаш ќе може да ви ги префрли парите коишто ви ги должи.

facebook-messenger-payment-suggestions

Втората функција тешко дека ќе биде овозможена во блиска иднина за нашата земја, сепак, ваквите работи обично се достапни за англискиот јазик, па ќе треба да почекаме додека и ние можеме да ги користиме.

Извор: TechCrunch, TNW

Фото: TechCrunch

Претходна статијаНаучете ги децата да програмираат со Apple Swift Playgrounds
Следна статијаПрогласени добитниците на наградата SoMo Borac 2016 на Weekend Media Festival
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.