data-1590455_640

Говорејќи на Web Summit 2016 конференцијата, Алекс Стамос, главниот за безбедност во Facebook, даде една интересна информација за тоа како тие користат разни методи за осигурување на безбедноста на сметките на нивните корисници.

Сите ние имаме прочитано за украдени лозинки од некој познат сервис, а бројката често е во милиони. Хакери успеваат да дојдат до базата на одреден сервис во која се чуваат лозинките од корисниците.

Интересно е што од ваквите случаеви се доаѓа и до информацијата за тоа какви лозинки најчесто користат корисниците, а како што ни е познато, тие не се добри. Најчесто користените лозинки се од типот на „123456“ и слични, па безбедноста на сметките на овие корисници е најблаго кажано загрозена. Кога на тоа ќе се додаде дека корисниците често ја користат истата лозинка на повеќе сервис, тогаш се доаѓа до заклучокот дека голем дел од корисниците не ја сфаќаат интернет безбедноста доволно сериозно.

Алекс Стамос истакна дека неговата компанија купува вакви лозинки од црниот пазар, а тоа е со цел истите да ги споредат со лозинките кои корисниците ги користат за нивните Facebook сметки. На овој начин тие може да откријат кои од нивните корисници не се грижат доволно за безбедноста на нивната сметка, па да ги информираат дека треба да ја променат својата лозинка.

Покрај ова, корисниците кои сакаат да ја заштитат својата сметка, имаат веќе подолг период на располагање повеќе алатки од Facebook, меѓу кои и дво-факторска автентикација. Оваа алатка овозможува да при најавување на Facebook биде побаран дополнителен код којшто е различен при секое најавување, покрај внесувањето на стандардната лозинка.

Оваа прилика би ја искористиле да ви препорачаме да ако веќе не сакате да користите дополнителни мерки за заштита на вашите сметки, барем да користите сложени лозинки, кои можете да ги чувате за да не ги заборавите во некои од сервисите како LastPass.

Извор: The Hacker News

Претходна статијаВреме е за стартап – отстапувања во резонирањето
Следна статијаSamsung патентира смартфон кој може да се превитка на половина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.