Фото: TechCrunch.com
Фото: TechCrunch.com

На се’ уште ограничен број од корисниците, Facebook започна со тестирање на дел наменет за огласување на слободни работни места во компаниите. Овој дел се разбира е наменет за бизнис страните на социјалната мрежа, односно на Facebook Pages.

Доколку тестирањето помине успешно и од компанијата се одлучат да ја овозможат оваа функција на сите корисници, тие ќе имаат ново копче во делот за објави преку кое ќе може да објават ново работно место.

Оваа објава би ги содржела информациите како што се работното место, платата, дали се работи за хонорарна понуда и слично.

Објавите за работните места би биле прикажувани нешто поразлично од останатите со цел да се издвојат и подобро видат. Исто така, бизнисите ќе можат, како што е случајот со обичните објави, да платат за нивниот оглас биде прикажан на поголем број корисници.

Веќе објавените огласи за работа ќе може да се видат во едно централизирано место од Facebook страната на компанијата, односно ќе биде додаден дел заедно со другите ленти кои се веќе достапни од левата страна. Корисниците на овој начин ќе можат да ги видат огласите за работа кои ги немаат забележано на нивната листа со новости.

Интересно е што доколку Facebook навистина се одлучи да го додаде овој дел кај своите страни, може да се покаже како поголем успех од конкурентите. Сепак, повеќето од нас го отвораат LinkedIn само кога ќе добиеме некое известување или доколку сакаме нешто да промениме.

Facebook веќе има огромна бројка на корисници, многу поголема од таа на конкурентите, а овие корисници активно ја користат социјалната мрежа на дневна база. Компаниите, кои и така го користат Facebook да објават ново работно место, сега може да добијат одлична нова алатка која ќе ги замени сите други.

Инаку, информацијата доаѓа од познатиот портал TechCrunch, а истата е потврдена од страна на Facebook.

Извор: TechCrunch

Претходна статијаApple спрема iPhone кој може да се витка?
Следна статијаРецензија: Ausdom M05 се достапни Bluetooth слушалки со солидни перформанси
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.