messenger-instant-articles

Со оглед на огромната бројка од скоро 1 милијарда корисници на Messenger, коишто не ретко споделуваат линкови преку оваа апликација, очекувано беше дека Facebook ќе се реши да нивните Instant Articles ги овозможи и на оваа апликација.

За потсетување, Instant Articles е можност за издавачите на содржина, својата содржина наместо само на нивната веб страна, ја објават и директно на Facebook, односно на нивните сервери. Со тоа се овозможува да при отворањето на линкот, корисникот на мобилен да ја добие статијата од Facebook, наместо до страна на објавувачот, а кога на тоа ќе се додаде и поедноставната форма на оваа страна, отворањето преку станува значително побрзо, до 10 пати според компанијата.

13700047_10157276382170195_2332215756329276420_n

Статиите кои се достапни преку Instant Articles се означени со мала икона од молња во горниот десен агол. Исто како на главната Facebook апликација, по притискање на линк во Messenger којшто води до Instant Article, корисникот ќе ја види статијата во самата апликација, а истата ќе биде отворена „инстантно“.

За почеток оваа можност ќе биде достапна за корисниците на Android, а iOS ќе следи по некоја недела. Како и обично, нема повеќе информации за Windows 10 верзијата, меѓутоа со оглед на тоа што истата е направена на основа на iOS верзијата, може да се очекува поддршка и за оваа платформа, ако не веднаш, тогаш во наредните месеци.

Извор: Facebook

Претходна статијаiPhone 7 ќе вклучува поголема батерија?
Следна статијаАлгоритам може да ви ја процени интелигенцијата по Facebook сликите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.