Сликите кои завршуваат со екстензијата .gif или во последно време повеќе познати како сликите кои прикажуваат кратка анимација и се повеќе се користат на социјалните мрежи, наполнија 30 години.

Овој формат беше развиен од страна на американскиот програмер Стив Вилхајт и официјално претставен на 15 јуни 1987 година, односно точно пред 30 години. Популарноста на форматот опстојува до ден денес во времето на интернетот, поточно на друштвените мрежи, како интересен начин за прикажување на кратки анимации со едноставна технологија.

Facebook, коишто како мрежа го подржуваат овој формат, во чест на овој јубилеј претставија неколку новини на својата платформа, а исто така покажаа и неколку интересни информации.

Главната новина е можноста за користење на GIF сликите и во коментарите на Facebook. Ова досега беше можно само во главните објави, а коментирањето беше оставено да се прави со текст или стикери.

Исто така, GIF сликите се достапни за користење на Messenger од 2015 година, па Facebook објави неколку интересни факти поврзани со овие слики.

  • Корисниците на Messenger имаат пратено скоро 13 милијарди GIF слики во последната година, односно приближно 25.000 слики секоја минута
  • Праќањето на GIF слики преку Messenger е зголемено за 3 пати изминатата година
  • Најголем број на GIF слики е испратен на 1 јануари 2017 година, односно испратени се повеќе од 400 милиони слики.

Покрај ова, од Facebook пуштаат одредена бројка на нови GIF слики на нивната мрежа, направени со помош на познати личности, а исто така тие сакаат да ја решат дебатата која се одвива во САД за точниот начин на изговарање на зборот GIF.

Извор: Facebook, The Verge

Претходна статијаDell има нов ласерски проектор, кој може да прикаже 4K слика со дијагонала од 100 инчи
Следна статијаGalaxy Note 8 ќе биде претставен на IFA во септември?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.