Една од најкорисните функции на Facebook, Safety Check, може значително да Ви помогне во време на незгоди, природни непогоди, терористички напади и слично. Оваа функција може дури и да Ви го спаси животот во одредени случаи, иако се работи само за едноставно известување на пријателите дека сте безбедни после инцидент што се случил во одреден град или држава. Сепак Facebook сака да помогне што е можно повеќе, со тоа што корисниците овој пат ќе може да побараат конкретна помош во дадената област.

Иако ќе биде дел од досегашниот Safety Check, нема да биде негова надградба, туку нова функција наречена Community Help. Се разбира Safety Check продолжува да функционира како и до сега. Преку оваа нова функција корисниците ќе можат да побараат храна, транспорт, засолниште и слично. Тие што се спремни да донираат ќе го сторат тоа преку Facebook, додека пак оние на кои им треба помош ќе може да ја видат локацијата кадешто ресурсите им се достапни. Од социјалната мрежа велат дека се консултирале со екперти од областа на хуманитарните организации веднаш одкако се појавила оваа идеа.

Инспирацијата за ваква функција се појавува откако во конкретни случаи како што беше терористичкиот напад во Париз, стана јасно дека луѓето се спремни да помогнат едни на други. Единствено што фали е поврзаноста и комуникацијата помеѓу нив, особено кога не се познаваат и не се „пријатели“ на социјалните мрежи, во конкретниот случај Facebook. Оваа функција ќе започне да се користи во САД, Канада, Австралија, Саудиска Арабија, Индија и Нов Зеланд, а се очекува проширување и во другите земји во скоро време.

Извор: Time, NBCNews

Претходна статијаБидете безгрижни со MyKi™, додека вашето дете го истражува светот
Следна статијаLogitech Brio 4K Pro е веб камера која снима Ultra HD видео и поддржува Windows Hello