social-network-76532_640

За разлика од времето кога започна со работа Facebook, денес бројот на корисници и страни на оваа социјална мрежа, а со тоа и споделена содржина е огромен. Скоро е невозможно да како корисник ги видите повеќето работи кои се споделени од вашите пријатели и страни, а тоа значи дека шансите се дека ќе пропуштите нешто што ви е важно да го видите.

Ова е логиката зад постоењето на Facebook алгоритамот кој врз основа на вашите навики одлучува која содржина ќе ви ја прикаже погоре во листата, на сметка на некоја друга, без разлика која од нив е понова.

Во основа Facebook е социјална мрежа, што значи дека е направена со основа цел на поврзување на луѓето. Поради тоа, од постоењето на алгоритамот тој е прилагодуван да покрај тоа што треба да ви ја прикаже за вас најважната содржина, истата првенствено да биде од вашите пријатели.

Од компанијата објавија дека во неделите што следат, нивниот алгоритам повторно ќе биде прилагоден со цел да уште повеќе ви прикажува содржина од вашите пријатели и роднини. Тоа значи дека содржината споделувана од пријателите ќе има приоритет на листата со новости, а останата содржина ќе биде прикажана нешто подолу.

Се разбира, содржината споделена од пријателите исто така ќе биде предмет на оценка од алгоритамот, па така најгоре ќе биде прикажувана содржината од пријателите со која најчесто имате интеракција, односно кликате на неа, ја лајкувате, споделувате и слично. Како што истакнуваат од Facebook, доколку ги сакате сликите од вашата сестра, тие ќе се прикажуваат први на листата.

Ова од друга страна значи и дополнително намалување на содржината која е споделувана од страна на Facebook страните, како што е и нашиот портал. Најмалку намалување на досегот на објавите ќе имаат страните кои споделуваат содржина која е често споделувана од корисниците на Facebook, па ќе влезе во категоријата на важна содржина од пријателите на корисниците.

Извор: Facebook

Претходна статијаОфицијално – Windows 10 Anniversary Update ќе биде достапна од 2-ри август
Следна статијаНова технологија овозможува полнење на смартфонот со енергијата од нашето тело
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.