Image result for how to be improve my online privacy

Во претходниот напис наведов неколку чекори што може веднаш да ги преземете за да ја подобрите вашата онлајн приватност. Се надевам дека ги применивте тие совети и дека нема да бидете приморани да се преселите во шума и да се откажете од сите свои гаџети и електронски направи за комуникација (барем ќе дишете чист воздух).

Ако вклучивте енкрипција на вашиот компјутерски оперативен систем и на вашиот Android или iOS мобилен уред, вашата приватност е значително подобрена. Доколку вклучивте и дво-факторска автентикација, тогаш можете (до некаде) на раат да сурфате и да комуницирате онлајн.

Сепак, не мислите дека тоа е се што можете да направите за да си го подобрите чувството на сигурност додека сте онлајн (забележете дека се работи за чувство на сигурност – не може да ја знаете спремноста и софистицираноста на натрапникот кој ве има вас за цел). Освен овие, би рекол малку понапредни, но базични работи кои може да ги преземете веднаш, постојат и дополнителни чекори кои, ако не го доведат чувството на сигурност до катарза, сепак ќе ве направат уште посигурни кога споделувате фотографии или видеа или пораки кои не би сакале да ги гледа или чита никој друг освен вас и примателот на тие фајлови.

(продолжено од претходниот напис)

#4 Ставете lock-screen

lock screen lockscreen security

ОК, сигурно си мислите „Е добро, нормално дека користам lock-screen.“ Ќе се изненадите од бројот на луѓе кои немаат никаква лозинка или клуч за пристап до мобилниот уред. Ризиците од ова се безбројни. Вашите деца или внуци може ненамерно да ви избришат важни податоци од телефонот, ако го заборавите некаде телефонот истиот може да биде пристапен од кој било само со еден swipe нагоре.

Затоа, тие што не користат lock-screen, веднаш нека ја исправат таа неправда. Чекам…

#5 Користете апликации за чување на лозинки

Related image

Веќе некое време ја користам 1Password каде што ги чувам сите свои најважни лозинки. Во ситуација кога имаме десетици лозинки кои треба да ги памтиме, ваквите апликации се спас. Најубавото нешто е што самата апликација генерира лозинки кои се речиси непробојни (освен можеби од чичковците од НСА). Поради тоа нема да мора да ги памтите сите лозинки, или постојано да бидете во ситуација да ја менувате лозинката на својот Gmail поради тоа што сте ја заборавиле по десетти пат.

А лозинките кои ги генерира апликацијата не би можел да ги запамтам дури и животот да ми зависи од тоа. Можете да ја бирате нивната сложеност, ама апликацијата генерално ги следи најдобрите практики при генерирање на лозинки – повеќе од 12 карактери, користење на големи букви, бројки и симболи. Единствената лозинка која треба да ја памтите е лозинката за пристап до самата апликација. А таа лозинка треба да ги следи горните параметри (во болд).

#6 Немојте да вклучувате апликации како m-banking на јавна wifi

Мислам дека ова треба да е common knowledge, но без разлика, вредно е да се спомне. Бегајте од јавни и незаштитени wifi мрежи. Доколку некој натрапник сака да добие пристап до вашите податоци истото најлесно може да го стори ако сте поврзани на таква мрежа.

Image result for m banking stopanska

Веројатно не е паметно да плаќате сметки и да вршите други трансакции додека сте на аеродром. Се сеќавате на примерот кој го наведов на почетокот од мојот претходен напис? Мрежата на која беше поврзан беше јавна и незаштитена. Enough said.

#7 Постојано правете апдејт на вашиот оперативен систем и ранливи апликации

Знам знам, никој не сака да го рестартира компјутерот за системот да направи апдејт. Особено кога прозорчето што не потсетува дека треба да направиме апдејт се појавува сред филм или комуницирање со своите најблиски. Сепак, тоа е нешто што мора да се стори за да не дозволиме отворање на безбедносна дупка која може да ја искористат личности што сакаат да ни наштетат или да не набљудуваат.

Флеш и Јава се познати по својата ранливост ако не се редовно надградувани во најновата нивна верзија. А нивната ранливост може да биде искористена како backdoor за да ви направи штета вам, дали преку malware или други вируси. Ова се спречува само со еден клик на update и ресетирање на компјутерот.

Бидете безбедни, луѓе.

Претходна статијаMicrosoft Edge ќе блокира Flash содржина, но ќе ви даде опција да ја активирате
Следна статијаНаредниот iPhone може да дојде со Dual SIM верзија?