DiscoveringMacedonia-homepage

Discovering Macedonia (Истражувајќи ја Македонија) е нов веб-сервис за промоција на македонските туристички дестинации, на странските туристи.

Мисијата на Discovering Macedonia е промоција и поттикнување на странските туристи за истражување на Македонија и запознавање со нејзините природни убавини и култура, преку уникатен пристап, кој во центарот го поставува туристот и сите содржини, информации и репотражи, ги прилагодува на неговите барања и потреби.

Репортажите, фотографиите и видеата се оригинални, направени од страна на ентузијастите од тимот на www.discoveringmacedonia.com . Со овој пристап веб-сервисот има за цел да ги прикаже убавините на Македонија, од еден поинаков агол. Тимот верува дека со овој модерен пристап, прилагоден според светскиот терк, ќе се промовира Македонија во целиот свет, во својот вистински сјај.

Услугите кои моментално ги озбезбедува Discovering Macedonia за странските туристи се онлајн букирање на хотелски и апартмански престој, како и авионски летови, а наскоро оваа листа ќе биде проширена со останати многубројни услуги и активности, кои се атрактивни за странските туристи.

Веб-сервисот располага и со локатор кој овозможува пребарување и обезбедување точни информации за локациите кои се често потребни за странските туристи, како што се: банкомати, менувачници, аптеки, паркинзи, продавници за сувенири, бензински станици, ресторани, кафулиња.

Сепак, приказната не застанува тука. Во изработка се репортажи кои ќе ги опфатат помалку актуелните места, со цел промовирање на алтернативниот туризам, заедно со сите активности популарни за странските туристи.

Претходна статијаTwitter наводно работи на тргање на лимитот од 140 карактери
Следна статијаНовите Lumia 950 модели објавени на онлајн продавницата на Microsoft