Оваа информација сигурно веќе им е позната на повеќето, ако не официјално, барем по тоа колку е споделувано ова видео и колку често може да се слушне песната на радио, во кафулиња и слично.

Еве и официјално, видеото со наслов Luis Fonsi – Despacito ft. Daddy Yankee стана нагледаното видео на YouTube со повеќе од 3 милијарди прегледи во 7те и нешто месеци од кога беше поставено на мрежата.

Ова е рекорд на мрежата, односно никој досега ја нема надминато оваа бројка, а времето потребно да се постигне ова е исто така навистина кратко.

Првиот рекорд го држеше познатиот Psy со заразната Gangnam Style. Ова видео го постигна рекордот за уште пократко време од Despacito, меѓутоа бројката на прегледи која тогаш беше потребна беше 3 пати помала, односно рекордот беше постигнат со достигнување на 1 милијарда прегледи.

Gangnam Style остана на првото место дури 5 години, а беше надминат неодамна од Wiz Khalifa – See You Again ft. Charlie Puth. На ова видео му требаа повеќе од 2 години да го поминат Gangnam Style и да станат најгледаното видео, меѓутоа тоа не траеше многу долго.

Верувам дека нема кој од нас ја нема слушнато Despacito, сепак еве го видеото во продолжение.

Извор: Vulture, The Verge

Претходна статијаFirefox Send – одлична алтернатива на WeTransfer и сличните сервиси
Следна статијаФотографија од макета од iPhone 7S покажува стаклен заден дел, но повторно познат дизајн
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.