Сите со нетрпение очекуваме да се оствари барем еден од најавените новитети кои гарантираат подолготрајни батерии за нашите смартфони. Како дел од нашето секојдневие, би било убаво кога батериите би траеле подолго отколку што траат сега, по можност многу подолго. Додека не дојде тој ден, има начин да се заштеди дури и до 20% од батеријата доколку користите Android.

Ова можете да го постигнете со бришење на Facebook апликацијата од вашиот смартфон. Покрај заштеда на батеријата, тестирањата покажале дека перформансите на уредот се исто така значително подобрени. Една од главните причини за појавата на овие проблеми е тоа што Facebook апликацијата продолжува да работи во позадина дури и кога уредот е offline.

Доколку се одлучите да ја избришете оваа апликација поради горенаведените причини, а сеуште сакате да се логирате на Facebook, секако тоа може да го направите отварајќи ја Facebook страницата преку интернет пребарувач. Сличен проблем на овој се појави и кај корисниците на iOS пред околу три години. Дури пред една година, Facebook објави дека овој проблем ќе биде делумно решен со најновиот update на самата апликација.

Во врска со проблемите кој што ги имаат корисниците на Android, од компанијата изјавија дека знаат за проблеми поврзани со брзината и перформансот на уредите кои што ги пријавиле одредени корисници. Исто така изјавија дека работат на откривање на причините за сето ова и дека корисниците ќе добијат известување во најскоро време.

Извор: PhoneArena, Gizmodo

Претходна статијаПластичниот отпад ќе се претвора во гориво
Следна статијаИгор Томески – првиот Нобеловец од Македонија