Screenshot 2015-04-24 15.42.18

Ривалството помеѓу водечките мобилни платформи доби уште една, овој пат до некаде смешна форма. Поточно, на Google Maps страната може да се види слика од Android маскотата како уринира на Apple логото.

Сликата се гледа од мобилната и десктоп верзија на мапите, а истите се уште достапни, барем во времето на пишување на оваа статија.

Можноста за додавање на посебни работи на мапите постои, од таму и потекнува огромниот број на локации достапни на мапите, а процедурата вклучува одреден систем на проверка на фактите. Интересно како оваа слика го има поминато системот за проверки, па некои луѓе се прашуваат дали се работи и за намерна шега од страна на Google.

Инаку сликата се наоѓа на дел од мапата кој што се наоѓа во близина на пакистанскиот град Ривалпинди. Се разбира истата не може да биде видена доколку го промените погледот на мапите на сателитски, зошто такво нешто реално не постои до градот.

Сликата можете да ја видите директно на Google Maps преку следниот линк.

Претходна статијаXiaomi Mi 4i има одлични спецификации и чини само 205 долари
Следна статијаЗа прв пат во историјата создаден генетски изменет човечки ембрион
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.