sleepphones-sleeping

Голем број од најкорисните откритија во светот се сосема едноставни и практични. Ова се производи кои откако ќе бидат измислени, секој инженер во индустријата си вели “па како и мене не ми текна, баш е логична и лесна таа идеја!”.

Во моментов зборуваме за таканаречените SleepPhones – слушалки во форма на појас за глава. Поточно се работи за слушалки направени во таква форма да истите може да се постават на појасот за глава и потоа неприметно да се користат. Истите според производителот се доволно дискретни и удобни, па можете да ги користите и кога спиете во било која положба.

Гледано од технолошки аспект нема никаква причина зашто да не постои овој производ уште од поодамна, меѓутоа ете, дури сега на некој претприемач му има текнато дека ова би била особено практична идеја.

20_sleepphones

Во овој случај мотивацијата на пронаоѓачот произлегува од желбата за решавање на еден конкретен проблем – а тоа е проблемот на несоница односно тешко заспивање. Затоа и на официјалниот сајт на овој производ – тој се продава во најразлични пакети кои вклучуваат аудио траки за заспивање и медитација.

Сепак, интересното е тоа што овој производ станува се по-популарен и кај фитнес ентузијастите кои во овој производ гледаат практично фитнес решение за џогирање и трчање надвор.

Претходна статијаТрка помеѓу гејмер и возач во вистински автомобил
Следна статијаВозбудливи нови патенти од Apple за идни iPhone производи