Samsung_Circle_Black

Денеска Samsung претстави два нови производи од категоријата на уреди кои што се носат, односно wearables. Едниот од нив е Gear S паметен часовник, кој што вклучува заоблен екран и сопствена 3G конекција што го прави независен во работата од мобилните телефони. Другиот производ кој што го претставија од компанијата се Bluetooth слушалки, кои што можеби звучи дека се уште едни од многуте вакви производи, но и тие се разликуваат по одредена карактеристика.

Слушалките се наречени Gear Circle, што асоцира на нивната форма и доаѓаат со магнет и можност да ги закачите околу вашиот врат како ѓердан. Покрај тоа, тие се поврзуваат со вашиот мобилен телефон преку Bluetooth конекција со што можете да правите повици преку нив, да давате гласовни команди, како и да слушате музика.

Samsung_Circle_White_1

Она што и овие слушалки ги прави различни од другите, покрај можноста за закачување околу вратот, е тоа што тие вибрираат секогаш кога ќе добиете нов повик или било каква друга нотификација на мобилниот. Доаѓаат со можност за избор од неколку бои, што покажува дека од Samsung сакаат да ги гледате и како моден додаток.

Извор: Samsung, The Verge

Претходна статијаSamsung го претстави Gear S, паметен часовник со заоблен екран и 3G
Следна статијаLG официјално го покажа новиот G Watch R паметен часовник со кружен екран
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.