BhXZPwmCUAEbnnr

На MWC 2014 настанот, како што беше и очекувано, Samsung претстави 2 нови процесори од Exynos 5 генерацијата. Се работи за осум јадрениот Octa 5422 и шест јадрениот Hexa 5260 чип.

Exynos 5 Octa 5422 доаѓа со осум јадра од кои што четири се ARM Cortex-A7 и работат на 1,5 GHz и четири ARM Cortex A15 кои што работат на 2,1 GHz. Овој чип поддржува гледање на видео содржина во 2560×1440 WQHD, 2560×1600 WQXGA, како и 4K UHD.

Вториот Exynos 5 Hexa 5260 вкличува шест јадра од кои што четири се ARM Cortex A7 и работат на фреквенција од 1,3 GHz и две јадра ARM Cortex A15 кои работат на 1,7 GHz.

Првиот процесор, односно осум јадрениот Octa 5422 ќе биде вклучен во најавената верзија со ваков процесор на ново претставениот Samsung Galaxy S5. Кога беше најавена верзија со осум јадрен процесор во новиот Galaxy S5 сеуште не беше официјално најавено кој процесор ќе биде вклучен.

Претходна статијаZTE го претстави Grand Memo II LTE
Следна статијаСлики од позадини на Start екранот во Windows Phone 8.1
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.