WAM6500

CES 2015 ќе се одржи идниот месец, поточно од 6 – 9 Јануари во Las Vegas, па како што се ближи датата, компаниите ќе почнат да ги најавуваат производите кои што ќе ги претстават на овој настан.

Samsung оваа недела најави дека на настанот ќе претстави нова серија на звучници кои што го пуштаат звукот околу нив, односно од 360 степени. Овој вид на звучници стануваат популарни кај корисниците поради се поголемото слушање на музика преку мобилните телефони, па обичниот Bluetooth звучник стана заменет со овој вид.

Се работи за два модели на звучници кои што се разликуваат по нивната намена. Едниот е за поставување на маса и користење на едно место, додека другиот е наменет за пренесување и доаѓа со батерија. WAM7500/6500 се наречени моделите, а исто така доаѓаат со интересен и нестандарден модерен изглед.

WAM7500

Од Samsung истакнуваат дека звучниците овозможуваат одличен звук од било кој дел од просторијата, со перфектен баланс помеѓу високите и ниските тонови.

Покрај овие два модели, од Samsung најавија дека ќе претстават и нова серија на звучници кои што ќе бидат наменети за користење со заоблените телевизори. Звучниците исто така ќе бидат заоблени, па ќе се вклопат со дизајнот на ваквите телевизори.

Повеќе детали околу звучниците сепак се оставени за настанот идната недела, па оваа најава е наменета само да ги заинтересира корисниците кои што ги следат овој вид на производи.

Извор: Samsung Tomorrow, Engadget

Претходна статијаНајдоброто од Смартпортал во 2014
Следна статијаSamsung претстави нова верзија од Note 4 со Snapdragon 810
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.