titanium-inline1

Иако некому би можело идејата за електричен велосипед да му изгледа смешна (сепак, поентата на велосипедот е да го возиме со вртење на педали), има луѓе на кои им треба помош при возењето или пак сакаат да возат на долги патеки и да можат од време на време да одморат.

Обично електричните велосипеди се направени за возење низ град и на површини без големи качувања или падови, но Titanio 29er е направен за да може да се вози и по груб терен, по планински патеки и секако, низ град. Ова го остварува поради фактот што е изграден од алуминиум кој му дава многу цврста структура, а воедно го прави ултралесен, со тежина од само 15 килограми! Иако постојат полесни „стандардни“ велосипеди, овој сепак спаѓа во полесните велосипеди што постојат.

Спомнав дека е електричен велосипед, но каде му е изворот на енергија? Ако погледнете повеќе на сликата ќе забележите дека има држач за шише – кој претставува 33 волти/9,3 мАч батерија која му овозможува до 48 километри автономија и максимална брзина од околу 29 км/ч.

На него има електричен мотор на предното тркало од 250 вати за асистенција при возење, што е сосема доволно. Тркалата се Mavic TN 319 29er, а доаѓа со Continental Race King 29 x 2 гуми, што го прави и повеќе од способен за возење по груб терен. Позади има менувач со 10 брзини, RockShox SID AIR PushLoc за управувачот (гиданот) и Avid Elixir XO кочници.

Цената му е прилично солена засега и стои 5.000 долари, но при појавата на конкуренција секако дека цената на ваквите велосипеди ќе се намали и конечно ќе можете да го направите тоа патување од град до град или пак низ шума.

Извор: Wired, ProdoTech

Претходна статијаFacebook се префрли во своите нови простории – и тие изгледаат неверојатно добро
Следна статијаHTC One E9+: Подостапниот брат на One M9