SamsungWatch2-1024x768

Паметните часовници можеби немаат ефект на пазарот како што се очекуваше, но тоа не значи дека најголемиот производител на технологија во светот не треба редовно да не освежува со нови уреди. Gear S3 е голема надградба на gear S2 и доаѓа во две изведби – едната за оние кои најчесто го поминуваат денот во одело и другата за оние кои денот најчесто го поминуваат надвор од урбаните средини.

Најголем адут на новите два часовници, без конкуренција, е траењето на батеријата од 3-4 дена. Ова е постигнато со зголемување на самата батерија на 380 mAh, но и со подобрувања направени во самиот Super AMOLED циркуларен дисплеј. Сега тој има големина од 1,3 инчи и има “Always On” дисплеј, кој константно може да го прикажува часовникот без да троши од батеријата и за разлика од претходно, може да ги употреби сите 16,7 милиони бои, наспроти само 8 бои.

SamsungWatchTA-1024x768

Двата претставени модели се разликуваат по неколку поединости – Frontier е наменет за оние кои често го поминуваат времето во природа и спортуваат и тој има LTE конекција, што значи дека може да функционира како телефон, без потреба да се поврзе со смартфон. S3 Classic пак има покласичен и поелегантен дизајн и нема LTE конекција, но затоа ги има сите останати сензори кои можат да го најдат местото во еден паметен часовник.

gear-s3

Да, новиот Gear S3 има цела плејада на сензори, почнувајќи од GPS, Bluetooth и Wi-Fi, па се до NFC и MST за плаќање на терминали со Samsung Pay. И двата часовници се IP68 отпорни на вода, што значи дека нема да имаат проблем дури и ако (кратко) се капите со нив, а челикот од кој се изработени е отпорен и на солена морска вода. Предното стакло и кај двата модели е пак новото Gorilla Glass SR+, кое според Samsung и Corning е поцврсто и поотпорно на гребење од сафирните стакла кај скапите часовници.

gsmarena_001

Gear S3 Frontier и Gear S3 Classic имаат вграден Tizen оперативен систем, кој се покажа како многу полесен за користење од Watch OS на Apple и од Android Wear, а исто така работи и многу помазно и побрзо. Тој многу лесно се управува со „круната“ околу часовникот, а има и дисплеј на допир за некои дополнителни функции. Часовниците се инаку опремени со процесор со две јадра на 1.0 Ghz, 4 GB простор и 768 MB рам меморија, што е веројатно доволно за лесниот оперативен систем.

gear-s3-

Единствен недостаток, ако може така да се каже, е што Samsung Gear S3 Frontier и Classic ќе работат само со Android оперативен систем, односно нема да може да ги поврзете со вашиот iPhone или Windows 10 Mobile телефон. Секако, за сите функционалности, Samsung препорачува да користите смартфон од Galaxy серијата.

Цената на двата часовници изнесува 399 евра во Европа и истите очекувајте брзо да бидат достапни и во нашата земја.

Претходна статијаПронајдена галаксија скоро целосно составена од темна материја
Следна статијаСамсунг на ИФА 2016 креира нова дефиниција за потрошувачкото искуство