SamsungWatch2-1024x768

Кога за првпат почнаа најавите за паметните часовници пред неколку години, сите очекувавме дека можеби овие уреди ќе бидат наредната „револуција“ во корисничката технологија. Дека само за неколку години, скоро секој од нас ќе има некој од паметните часовници кои повеќето производители веќе ги имаат во својата понуда.

Сепак, искуството покажа дека тоа нема да се случува баш така, па паметните часовници иако се продаваат во милионски количини, далеку се од огромните продажби кои ги прават мобилните телефони, а кои веќе скоро и да нема некој којшто не ги користи.

Според статистиките од познатата IDC, трендот на не толку голема популарност на паметните часовници ќе продолжи и оваа година, со многу мал раст на продажбите од 3,9% во споредба со минатата година.

Во бројки, оваа година се очекува продажба на 20,1 милиони паметни часовници, додека минатата година биле продадени 19,4 милиони. До 2020 година се очекува поголем раст на овој пазар, па се предвидува продажба на 76,6 милиони паметни часовници.

Инаку, во статистиките за паметни часовници се сметаат само тие коишто можат да работат со апликации од трети страни, односно часовниците како тие од Apple, Samsung Gear и слични. Фитнес алките и слични други уреди не влегуваат во оваа категорија и имаат доста повеќе продажби од часовниците.

Како причина за не толку големиот раст на продажбите за оваа година се сметаат подоцна претставените нови модели на часовници, краткото траење на батериите, реткото вклучување на мобилен интернет и слично.

Извор: IDC, Android Authority

Претходна статијаiPhone 7 беше само освежување – вистинските промени доаѓаат во iPhone 8
Следна статијаSkype Preview отсега ќе овозможи праќање SMS преку Windows 10 компјутер, во моментов само за Insider корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.