nokia-moonraker-800x420

Финскиот гигант своевремено имаше специјален договор со Microsoft за да прави паметни телефони само со нивниот Windows Phone оперативен систем. Со цел да направи еко систем од такви продукти, Nokia разви и паметен часовник, кој бил специјално дизајниран за да работи најдобро со Lumia телефоните. Сепак, како и многу преносни други уреди од Windows сферата и овој не беше пуштен во продажба.

Како што може да се види на видеото објавено од кинескиот канал “Nokibar” оперативниот систем на Moonraker е скоро целосно базиран на команди со лизгање на прстот, што делува прилично интуитивно. Исто така, дизајнот на софтверот е минималистички, сличен на Windows Phone, иако ги нема живите плочки. Она што импресионира е колку мазно и брзо работи часовникот иако доаѓа од време кога сите конкуренти беа многу бавни и нереспонзивни.

Според тоа што може да се види, часовникот има интеграција на неколку апликации, како социјалните мрежа, e-mail и апликации за фитнес (мерач на чекори), но не и многу повеќе. Причината за ова е веројатно што часовникот воопшто и не излезе на пазарот и дивелоперите не ни имаа шанса да го погледнат и да направат апликации за него.

Она што особено импресионира е надворешниот дизајн, кој неодоливо потсетува на Apple Watch. Пред многумина да речат дека во тој случај Moonraker е копија на Watch, ова е часовник кој е лансиран пред часовникот на „јаболкото“.

Иако Moonraker никогаш не го доживеа светлото на денот, еве и надеж дека со телефоните кои ќе ги лансира наредната година, Nokia ќе спреми и паметен часовник, кој за разлика од својот претходник ќе може да биде купен во продавниците.

Извор: IB Times, Nokia Power User, Slash Gear

Претходна статијаApple ќе претстави нови iPad модели во март идната година
Следна статијаНовиот MacBook Pro достапен во iStyle – добивме можност да го отпакуваме и разгледаме први