embargoed-until-oct-18-6-am-pt_-9-am-et-phase-shot-2-930x696

За многумина паметните часовници не се вистинското решение за новата ера, особено бидејќи не овозможуваат многу повеќе од смартфоните кои и така цело време ги имаме во раката. Всушност, најкористени функционалности кај нив се фитнес можностите, кои се главната одлика на новиот паметен часовник на Misfit, наречен Phase.

Убавината кај Phase е што во него има сензори кои го следат движењето и да ги бројат чекорите, потоа да го следат квалитетот на спиењето, а можат дури да мерат и пливање. На хардкор корисниците можеби ќе им недостасува мерач на отчукувања на срцето, но не би требало премногу да се жалиме, бидејќи Phase има изглед на обичен часовник со прилично тенко куќиште, кое изгледа прилично добро.

Phase има и паметна страна, односно може да му даде нотификација на корисникот за нови повици, пораки или пак нотификации од различни апликации. Интересен е начинот како корисникот ќе види дека има нотификација – стрелките на часовникот се местат во позицијата 06:00 часот и светнува мала сијаличка. Часовникот на Misfit не застанува тука – тој може да се користи и за менување на песните од паметниот телефон, а со помош на страничното копче.

Цената на Misfit Phase изнесува 175 долари, што на прв поглед се чини како прилично многу, но со оглед на тоа што и обичните часовници од популарните брендови не се многу поевтини, Phase е веројатно и доста исплатлив паметен часовник.

Извор: Venture Beat, The Verge, BBC

Претходна статијаNvidia GeForce GTX 1050 е супер евтина графичка за мазен 1080p гејминг
Следна статијаNote серијата оди во историја: Samsung ќе се фокусира само на еден телефон од високата класа?