1462207206125885100

Пред две години софтверскиот гигант имаше големи очекувања од својата фитнес нараквица Band, која доживеа и втора генерација благодарение на успехот на првата. Сепак, втората генерација веројатно не ги донесе посакуваните продажни резултати, а голема улога во тоа игра и што многу малку од корисниците денес имаат Windows телефон, со кој нараквицата најдобро работи и секако поголемата популарност на паметните часовници, кои можат да ги прават скоро сите фитнес работи што ги може Band 2, а имаат и многу други функционалности.

Microsoft Band 2 е веќе повлечен од официјалната продавница на Microsoft и иако на интернет мрежата можат да се најдат уште останати уреди, производството нема да продолжи. Band и Band 2 инаку беа првиот избор на корисниците на Windows телефони, бидејќи голем дел од другите фитнес нараквици воопшто и немаа поддршка за мобилниот оперативен систем на Microsoft.

Поголемата слика е сепак дека Microsoft ги лансираше Band нараквиците за да ја прошири Health платформата, во која се собираат сите резултати од вежбањето на корисникот, но и други важни информации, како квалитетот на спиењето, за д се добие целосна слика за здравјето. Сепак, со престанокот на производство на Band 2, се доведува во прашање и самата платформа, бидејќи нема многу други нараквици кои го користат Health како бекенд.

За актуелните корисници на Band 2, Microsoft сепак ќе ја продолжи софтверската поддршка, иако не е најавено точно до кога. Од друга страна, корисниците не би требало да очекуваат нови функционалности и апликации кои ќе ги искористат предностите на Band 2, поради тоа што Microsoft го повлече “Software Development Kit” за развој од својот веб сајт.

Извор: Engadget, Gizmodo, Digital Trends

Претходна статијаAllWeb со поволности за студентите
Следна статијаiPhone 7 има најкратко траење на батеријата од сите конкуренти