LG_G_WATCH_R_01

LG веќе најави дека ќе претстави нов паметен часовник кој што овој пат ќе доаѓа со кружен екран, нешто што се покажа како популарно кај корисниците. G Watch R, како што е наречен овој часовник, официјално ќе биде претставен на IFA 2014 настанот кој што се одржува идната недела во Берлин. Популарноста на паметните часовници со кружен екран се гледа во популарноста на Moto 360 часовникот од Motorola, за разлика од другите кои што најчесто се во форма на квадрат или слично, а се и доста дебели.

Сепак од сликите кои што ги објави LG, може да се види дека нивниот часовник ќе изгледа уште подобро од тој на Motorola, кој што се сметаше до сега како можеби најубавиот паметен часовник. Корисниците покажаа дека иако се работи за „паметен“ уред, тие сепак сакаат тој да наликува на тие што моментално се користат, а повеќето од нив за кружни. Една од најголемите предности кои што LG ги истакнува во однос на Moto 360 е целосната искористеност на кружниот екран, нешто што не е случајот со часовникот од Motorola. Moto 360 на долниот дел од екранот има мал црна линија која што не се користи за прикажување на сликата, во која што се сместени одреден дел од хардверот на уредот.

LG_G_WATCH_R_02

Другите карактеристики кои што ги вклучува G Watch R се истите како на првиот паметен часовник од компанијата, а тие вклучуваат:

  • 1,2 GHz Qualcomm Snapdragon 400 процесор
  • 512 MB RAM меморија и 4 GB внатрешна меморија
  • 1,3 инчен P-OLED екран со резолуција од 320 x 320 пиксели
  • Android Wear оперативен систем
  • 410 mAh батерија
  • Жироскоп, акцелерометар, компас, барометар, мерач на пулс
  • Црна боја
  • Отпорен на прашина и вода

Извор: LG, GreenBot, Engadget

Претходна статијаSamsung претстави слушалки кои што се закачуваат околу вашиот врат и вибрираат за нотификации
Следна статијаДва уреда во едно пакување, Dell Inspirion 11 3000
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.