Берлин / Скопје, 30. Август, 2017Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) денес ги претстави трите нови уреди во своето портфолио на водечки уреди за носење: Gear Sport, стилски и елегантен, водоотпорен паметен часовник со фокус на фитнес; Gear Fit2 Pro, надградена GPS спортска алка со паметни функции и Gear IconX,  втора генерација на револуционерните безжични слушалки на Самсунг. Новите Gear уреди се дизајнирани да им овозможат на корисниците да го искористат максимумот од својот ден и да им помогнат да живеат поздрав и побалансиран живот.

Новите Gear уреди асистираат со голем спектар на активности – од робусно фитнес следење до нутриција и мониторирање на сон, како и мотивациски тренинзи и придружба во ваквиот животен стил. Со претставување на новите паметни способности, едноставните за употреба функции и соработката со водечките имиња во фитнесот и технологијата, Самсунг им помага на своите корисници да достигнат повеќе од физичка кондиција и да постигнат големи успеси.

Во Самсунг ги славиме луѓето кои секојдневно се занимаваат со спорт – без оглед на тоа дали одат на лесно џогирање, или тренираат за својот следен триатлон. Имаме долга традицијата на прифаќање и славење на изборот и иновациите, и нашите уреди за носење се дизајнирани да им помогнат на потрошувачите со различно ниво на кондиција да ги остварат своите цели и стремежи. Сакаме да помогнеме при отстранувањето на стигмата дека да се биде во добра кондиција означува само едно нешто, и дека уредите за следење на фитнес активностите се комплицирани и се само за најинтензивните вежби и тренинзи. Нашите нови Гиар уреди за носење им помагаат на корисниците да ги надминат границите на физичката кондиција и да уживаат во активниот, избалансиран и исполнет живот на паметен начин без пречки“ – изјави ДЈ Кох (DJ Koh), Претседател на Бизнисот со Мобилна Комуникација, Самсунг Електроникс.

Самсунг креираше кови функционалности за Gear Sport и Gear Fit2 Pro:

  • Најнапредна отпорност на вода и следење на пливањето: Идеална придружба за било какво пливање – од препливување на езеро до освежување во базен – овие уреди се сертифицирани за отпорност на вода до 5 АТМ.
  • Со најновата апликација за пливачки тренинзи Спидо Он (Speedo On) од компанијата Спидо (Speedo), уредите Gear Sport и Gear Fit2 Pro овозможуваат корисниците лесно да ги следат клучните параметри на својот пливачки тренинг, како што се бројот на препливани должини, видот на замави и друго.
  • Најдоброто во својата класа: Следење на работата на срцето: Со подобрена точност, овие уреди овозможуваат напредно следење на работата на срцетво во реално време. Тие овозможуваат константно пратењее на активноста на срцето, од попладневна дремка без стрес, до жесток велосипедски тренинг;
  • Партнерства со најдобрите: Благодарение на партнерствата со брендовите Under Armour и Spotify, двата уреди овозможуваат пристап до фитнес апликациите на произведувачот Under Armour, вклучувајќи ги: Under Armour Record, MyFitnessPal, MapMyRun и Endomondo за следење на активностите, исхраната, како и функции кои се темелат на друштвени заедници. Програмот за работа без интернет на произведувачот Spotify овозможува слушање на музика кога корисникот е поврзан на интернет, кога е офлајн, но дури и кога со себе не го носи својот паметен телефон;
  • Автоматско детектирање на активност: Автоматското детектирање на активност вградена во овие два уреди совршено го отсликува телото и ги препознава следниве категории на активности: одење, трчање, возење на велосипед и динамички активности како танцување или кошарка;
  • Персонализирана мотивација: Планот за добросостојба можете да се прилагоди на корисничките потреби, со посебно прилагодување на целите и предупредувањата.

Gear Sport: Новиот паметен часовник кој поддржува активен и урамнотежен животен стил

Gear Sport е елегантен и истовремено практичен, со минималистички, кружен Super AMOLED екран од 1.2 инчи и подобрен кориснички интерфејс, што овозможува едноставен преглед на информации, дури и во движење. Со Gear Sport корисниците може да работат за да ги постигнат своите здравствени цели и цели за добрососјтојба и да добиваат известувања кои се однесуваат на регулирана исхрана, како и препораки за активности, дури и кога не се поврзани со интернет.

Дизајнирани така да нивната трајност одговара дури и на војничките стандарди, може да функционира во различни опкружувања. Со неговиот заоблен, ергономски облик кој може да се вклопи со различни стандардни ременчиња од 20 мм кои лесно се менуваат, а се достапни во многу живи бои, тој е совршен за секакви пригоди – од теретана, до вечерна прошетка. Gear Sport ќе биде достапен во сина и црна боја и ги вклучува следниве карактеристики:

  • Контрола на уредите на Самсунг кои може да се поврзат со ИоТ преку опцијата Samsung Connect;
  • Користење како далечински уред, без разлика дали станува збор за презентација или Samsung Gear VR очила за виртуелна реалност.
  • Плаќање со едноставен потег преку опцијата Samsung Pay (само преку NFC)

Gear Fit2 Pro: Напредна GPS фитнес алка

Покрај новата можност за следење на пливањето и работата на срцето, новата Gear Fit2 Pro има вграден GPS уред кој овозможува многу прецизно следење на тркањето или велосипедските тренинзи. Закривениот Super AMOLED дисплеј со големина од 1.5-инчи на алката, како и екранот во боја осетлив на допир со висока резолуција го олеснува читањето на известувањата од уредот. Сосем новата, сигурна и ергономски обликувана алка е лесна и удобна за употреба при сите активности. Достапна е во црна и црвена боја, а нејзиниот дизајн ја прави елегантен моден додаток. 

Gear IconX: Удобни, безжични слушалки

IconX безжичните слушалки овозможуваат слушање на омилената музика, правејќи го удобен секојдневниот пат до работа, или пак му помагаат на корисникот од својот тренинг да го извлече максимумот. Со нив уживањето во музиката е возможно и кога корисникот е поврзан на интернет, но и кога е офлајн, со пренос на песните од Самсунг смартфон[5] или од персонален компнутер, или пак, со пристапување кон омилените песни преку блутут конекција. Слушалките се исто така најновиот начин за поврзување со Бигзби. Со едноставен допир и држење на слушалките се активира гласовната контрола со која е можно контролирањето на музиката или на телефонот, без притоа да го имате во рака.

Ажурираниот  дизајн на слушалките пристигнува во црна, сива и розева боја. Тие се уште полесни и поергономски обликувани, што ги прави ефективно безбедни, удобни и стилски за употреба. За сите Фитнес ентузијасти, Gear IconX автоматски ги следи рутините за трчање на корисникот. Опцијата Running Coach, која може да се активира едноставно со допир на слушалките, овозможува аудио известувања за статусот на тренингот директно во увото, во реално време и без телефон. Со брзо полнење и подобра автономија на батериите која овозможува до 5 часа директна репродукција од интернет (стриминг) и седум часа репродукција на музика, како и до 4 Gb внатрешна меморија, слушалките овозможуваат потполно автономно и едноставно да уживате во слушањето на музика.

Погледнете ги првите снимки од новите Gear уреди за носење на Самсунг на официјалиот трејлер достапен на: https://www.youtube.com/watch?v=onVzSjdVh3A.

За повеќе информации посетете ги страниците: www.samsungmobilepress.com и news.samsung.com/galaxy.

Претходна статијаЗлонамерен софтвер кружи преку Facebook Messenger
Следна статијаДонација на Неотел за реконструкција на Посебното основно училиште Иднина