Casio е производител кој е познат по своите Pro Trek робусни часовници, кои треба вистински да се помачите за да ги уништите – можат да издржат скоро сѐ што ќе им приредите. Таа експертиза, Casio ја префрла и кај паметните часовници, поточно новиот Casio WSD-F20 часовник со Android Wear оперативен систем.

Како и своите „непаметни“ браќа и Casio WSD-F20 ќе биде исклучително отпорен, односно ќе има воена MIL-STD-801G спецификација, што значи дека ќе биде отпорен на удари и шокови, како и на потопување во вода од 50 метри. Бидејќи е насочен кон спортските ентузијасти, овој часовник е целосно опремен со сензори за следење на движењето, како и со GPS сензор за точно лоцирање.

Ова е одлична вест за оние кои не сакаат да го носат својот голем смартфон во џебот додека вежбаат или трчаат – GPS сензорот може точно да ја измери вашата активност без да има потреба да биде поврзан на интернет мрежата или пак со паметен телефон. Тука особено помага Android Wear 2.0 платформата, која е многу подобра од својот претходник во следење на активностите и давање релевантни информации (како на пример идеално место за трчање, возење велосипед или пак за риболов на вградената мапа) без помош од паметен телефон.

Цената на овој часовник е 500 долари, што е повисоко од тоа на конкурентите, но Casio има огромно искуство во градење на квалитетни часовници, а WSD-F20 е часовник и кој сигурно ќе издржи подолго од останатите, особено ако не сте претпазливи со него.

Извор: Geeky Gadgets, Ubergizmo, Casio

Претходна статијаПроизводството на iPhone 8 одложено за октомври/ноември
Следна статијаНаскоро смартфоните ќе бидат заменети со други технологии, како проширена и виртуелна реалност