watch-series-2

Најголемиот производител на паметни уреди, на настанот каде ги претстави новите iPhone-и, го претстави и новиот Watch Series 2, кој донесува неколку значајни подобрувања во однос на својот претходник, кои ултимативно го прават многу подобар паметен часовник.

Овие промени целосно ја менуваат основната намена на Apple Watch од паметен часовник за добивање нотификации, кон фитнес паметен часовник. Во ова помагаат водоотпорноста до 50 метри, благодарение на која корисникот сега ќе може да плива со него и да ги мери резултатите, односно потрошените калории, како и GPS чипот, кој ќе овозможи многу попрецизно мерење на тренинзите.

watch-series-2-4

Интересно решение за реализирање на водоотпорноста е звучникот, кој после секое излегување од вода вибрира со цел да ја исфрли водата која е собрана во него. Ова придонесува Apple Watch Series 2 да има рејтинг на водоотпорност како ниту еден паметен телефон досега, барем кога зборуваме за директните противници од Samsung и Android Wear сферата.

Многу важна надградба во Watch Series 2 е и новиот процесор со две јадра, кој е 50% побрз од претходникот, како и графички процесор кој е два пати побрз од претходникот. Благодарение на ова, Watch Series 2 е многу побрз паметен часовник – актуелниот модел и не е особено познат по брзината. Новиот процесор сепак ќе биде вграден и во стариот модел, кој ќе се понуди за 100 долари помалку од новиот.

watch-series-2-5

Apple Watch Series 2 ќе доаѓа во неколку различни изведби, иако основата ќе биде иста. Така, ќе има Nike+ модел со ременчиња со дупки кои помалку ќе ја потат раката, односно модел изработен од Керамика, која според Apple е поцврста од челик. Овој модел сепак ќе чини преку 1.000 долари, што го прави прилично скап – не очекувајте да видите многу такви наоколу. Корисниците ќе можат да ги сменат обичните ременчиња со Hermes, кои изгледаат полуксузно.

Една работа сепак не се поправи кај Watch Series 2, а тоа е високата цена од 369 долари. Сепак, кога добро ќе се размисли, ова е многу  поисплатлива понудат од таа на претходникот, бидејќи ова е вистински опремен фитнес часовник кој ќе може целосно да ги задоволи потребите на оние кои сакаат да постигнат максимум резултати.

И сето ова важи ако батеријата може да истрае барем еден ден – актуелниот модел едвај издржува толку. Apple сѐ уште не ни даде информации за тоа колку трае Watch Series 2 со едно полнење, што значи дека не трае многу – да имаше добро траење на батеријата тие сигурно немаше да пропуштат да го кажат тоа на настанот. Се чини дека корисниците на Apple ќе треба се редовно да се грижат за полнење на своите уреди – покрај iPhone, на штекер секојдневно ќе треба да приклучуваат и Apple Watch, Air Pod слушалки итн.

Извор: ZDNet, Wired, Apple

Претходна статијаПронајден потенцијален лек за 90% од сите видови рак преку маларијата
Следна статијаProject Muze – синтетички моден креатор на Google и Zalando