81uurS1kpHL._SL1500_

Скопје се’ уште не е безбедно место за возење велосипед. Меѓу инаетливи пешаци кои сметаат дека велосипедската патека е нивна, преку диви возачи кои не познаваат основни сообраќајни правила, до градски и општински власти кои градат „рампи“ за велосипеди кои сами ги кршат поради тоа што се несоодветно изградени, постојат многу проблеми кои велосипедистите треба да ги надминат кај нас.

Многу често несреќите со велосипедисти настануваат кога не биле видени или игнорирани за знаците кои ги оставаат во желбата да сменат правец или да застанат. Затоа тука можат да помогнат Zackees LED Turn Signal ракавиците кои имаат за цел да ве направат повидлив во сообраќајот.

Се работи за ракавици со LED светла на нивната задна површина. Кога сакате да смените правец едноставно ја дигате соодветната рака и ја стискате во тупаница, а таа почнува да трепка во облик на стрелка покажувајќи ја вашата намера за вртење.

Тука не застанува корисноста од овие ракавици. Нив можете да ги користите за да бидете повидлив при трчање бидејќи светкаат на секој чекор, а исто така можете да ги користите во било која друга ситуација, на пример, при возење скирол.

Цената им е 99, односно, 89 долари за црната и белата варијанта, а можат да се нарачаат на нивната веб-страница која ја вклучив подоле.

Извор: BoingBoing, Zackees.com

Претходна статијаHeLi-on е веројатно најкомпактниот сончев полнач што можете да го купите
Следна статијаSamsung Galaxy S7 ќе има четири различни варијанти?