barracuda-pro-banner-970-80

Верувам на скоро сите од вас им се доволни и дисковите од 1-2 TB што ги имате во вашиот лаптоп или десктоп компјутер, дури и ако имате колекција од стотици Full HD филмови. Но, Full HD е веќе застарена резолуција – Ultra HD 4K е новиот фраер на сцената и ако сакате да имате колекција на филмови со таков квалитет, ќе ви треба новиот хард диск на Seagate кој има капацитет од енормни 10 TB.

BarraCuda Pro, освен огромниот капацитет, не е особено егзотичен (работи на 7.200 врт/мин), но нуди респектабилна брзина на трансфер од 220 MBps. Секако, за оние кои сакаат максимум брзина SSD диск секогаш ќе биде подобар избор, но во светот на HDD дискови не може да постигнете многу подобро од таа бројка. Цената на овој диск изнесува 535 долари (предложена од производителот), но очекувам да биде пониска кога ќе пристигне во продавниците. Дискот има 5 години гаранција, што е респектабилно.

1234

Покрај BarraCuda Pro, кој е хард диск наменет за домашните корисници, Seagate претстави и уште два дискови со капацитет од 10 TB. Првиот е NAS диск за користење во сервери наречен IronWolf, кој е оптимизиран за RAID и кој има ротациони вибрациони сензори кои ги намалуваат вибрациите, што е потребно кога се користат повеќе вакви дискови одеднаш. Цената на IronWolf изнесува 470 долари.

ShyHawk пак е диск кој ќе се користи во системи за надгледување и истиот може да се поврзе со 64 камери со висока резолуција и симултано да ги запишува снимените видеа од нив. ShyHawk е исто така оптимизиран за работа во потешки услови со сензори за намалување на вибрациите, а чини 460 долари. И покрај оптимизацијата за работа во потешки услови, овие дискови имаат гаранција од само три години, што е очекувано – ќе бидат многу повеќе користени од домашниот BarraCuda Pro.

Извор: TechRadar, Engadget, Petapixel

Претходна статијаGalaxy Note 7 прикажан во ново видео
Следна статијаДвата нови Nexus телефони од HTC покажани на 3D рендери