Micro SD картичките и SD картичките воопшто се составен дел од многу уреди како лаптопи и паметни телефони, но најмногу се користат кај камерите, кои со проширувањето на снимањето 4K видео бараат се повеќе и повеќе простор, кој стандардните micro SD картички не можат да го овозможат.

SanDisk направи нова micro SD картичка од 400 GB, која може да собере енормно многу податоци, но која за жал не е специјално наменета за 4K видео, бидејќи нема големи брзини на впишување на податоците. Ова не значи дека апсолутно нема да може да снимате 4K видео на оваа micro SD картичка, но дека треба да бидете претпазливи со bitrate-от на видеото за да се осигурате дека неговото снимање на картичката нема да биде прекинато.

Името на картичката е SanDisk microSDXC USH-I, за оние кои сакаат да ја купат, со напомена дека чини високи 250 долари. Ова е голема доплата макар и за капацитет од 400 GB, особено што ретки се аматерските корисници на кои ќе им треба толку многу простор во нивниот паметен телефон или камера, односно апарат. Како и да е, споредено со картичката од 512 GB на SanDisk, која треба да пристигне наскоро и која ќе чини 1.000 долари (но ќе има и многу повисоки брзини на впишување), цената изгледа дури и евтино.

Извор: Futurism, BGR, Engadget

Претходна статијаHuawei лансира паметен Honor рутер кој ќе ја подобри Wi-Fi мрежата во вашиот дом
Следна статијаКина има најмногу супер компјутери во Топ 500 листата