Верувам дека најголемиот дел од Вас се и повеќе од задоволни со капацитетот на micro SD картичките во своите смартфони, но за оние на кои секогаш им фали простор за фотографии и видеа, SanDisk претстави супер голема картичка, која има капацитет од фантастични 400 GB – рекорд за една micro SD картичка.

Кога добро ќе се размисли, ова не само што е одлична картичка за зголемување на капацитетот на вашиот смартфон, туку е уште подобро решение за професионалните таблети, како на пример Microsoft Surface или сличните на нив. Благодарение на оваа картичка сега нема потреба да плаќате за големи SSD дискови однапред, што може да чини неколку стотици евра повеќе.

Цената на картичката на SanDisk со капацитет од 400 GB изнесува 250 долари во САД, што не е многу поевтино отколку да купите поголем диск во почеток, но затоа е многу покорисно, бидејќи истата може да се користи за други уреди, како на пример за професионален фото апарат.

Картичката може да се пофали и со прилично високи брзини на трансфер од 100 Mb/S, што според SanDisk значи околу 1.200 фотографии во една минута, што е одлична брзина.

Сите овие перформанси се постигнати благодарение на нова технологија и дизајн на Western Digital (компанија сосптвеник на SanDisk). Токму и затоа цената на картичката е многу висока, што не значи дека нема да паѓа во иднина.

Извор: 9 to 5 Google, Wired, BGR

Претходна статијаMoto го претстави X4, смартфон од средно-високата класа со ексклузивен дизајн
Следна статијаСамсунг го скратува времето на перење алишта со “QuickDrive” технологијата