На саемот ИнфоКом 2017, Самсунг ги претстави своите први дисплеи со ХДР + КјуЛЕД сигнал

Скопје, 20 јуни, 2017 – Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) на ИнфоКом 2017 (InfoComm 2017) саемот објави дека својата линија на паметни дисплеи со ХДР + КјуЛЕД сигнал ќе биде овозможена преку Тизен 3.0 оперативниот систем, кој претставува најнова верзија на Самсунг Софтверска платформа со отворен код.

“Клучна компонента на нашата визија за иднината на визуелните дисплеи е да им овозможиме на нашите партнери да обезбедат привлечна содржина низ нивната мрежа со намалена операционална комплексност. Благодарение на интеграцијата на оперативниот систем Тизен 3.0, нашите партнери може да уживаат во брзата достава на појасни и побезбедни содржини без да скршнуваат од своите секојдневни активности.“ – изјави Сеог-ги Ким, Извршен Потпретседател на Одделот за Визуелни Екрани, Самуснг Електроникс.

На штандот на Самсунг исто така беше прикажано како интеграцијата на неговата водечка технологија за визуелни дисплеи во соработка со HARMAN’s Acendo системот овозможува квалитетни состаноци. Самсунг во Март, 2017 година ја купи познатата Компанија HARMAN International Industries за производство аудио технологија и технологија на поврзување.

Надградбата на претходната верзија на Тизен 2.4 платформата – новата Тизен 3.0 платформа се карактеризира со помоќен графички процесор кој создава побогата и појасна видео содржина во споредба со неговите претходните модели во корисничката мрежа на SMART Signage дисплејот. Ова вклучува побрза реакција, интеракција и брзина на вчитување која обезбедува непрекината репродукција и транзиции без црни дисплеи за беспрекорно емитување на пораките.

Тизен 3.0 исто така го намалува времето и средствата потребни за доставување на високо квалитетна дигиталната содржина за бизнис корисниците. Интегрираната безбедносна платформа Нокс (Knox) обезбедува повеќеслојно решение кое ги заштитува системите од надворешни напади, a нуди и API процедури за безбедност на Тизен програмерите. Оваа унапредена заштита овозможува безбедно да се развива и хостира широкиот спектар на услуги кои се потпираат на сигурност, вклучувајќи ги содржините на доверливо плаќање и бизнис содржините во рамките на Тизен 3.0 платформата. Како резултат на ова, сите засегнати можат да ги централизираат активностите на различни видови на дисплеи, вклучувајќи ги UHD дисплеите, дисплеите со надворешна сигнализација, дисплеи осетливи на допир и интерактивни табли, без да е потребен одделен персонален компјутер.

Присутните на саемот ИнфоКом се првите кои имаа можност да ги видат новите дисплеи со ХДР + КјуЛЕД сигнал со quantum dot технологија. Поддржан од Тизен 3.0 OS, дисплеите со КјуЛЕД сигнализација го зајакнуваат High Dynamic Range (HDR) квалитетот на содржината со максимална осветленост од 1,500 нити со одлична UHD резолуција од 55 инчи и 65 инчи. Овие дисплеи постигнуваат 100 проценти волумен на боја со повеќе од 1 милијарда различни варијации и ги истакнуваат суптилните детали на различни нивоа на осветленост кога се комбинираат со оптимизиран контраст и слика без пречки. Универзално широките агли на гледање исто така им овозможуваат на бизнис корисниците да ги прилагодат екраните во согласност со нивните потреби и димензиите на просторот.

Самсунг ги претстави своитеIF серии на LED дисплеи (P1.5, P2.0 и P2.5 модели) на ИнфоКом саемот. Овие екрани се комбинираат со врвната технологија на Компанијата за обработка на видео содржината и фино подесување на слика со LED HDR квалитет на слика, со што содржината која ќе се прикажува ќе биде поостра и попрефинета. Исто така, IF серијата овозможува пристап и од предната и од задната страна, а одржувањето е поедноставно и побрзо, притоа не жртвувајќи ја елегантната, непречена презентација на содржината.

Со претставувањето на новата Икс-Пе-Бе (XPB) серија на екраните со LED сигнализација, Самсунг ги повика присутните на ИнфоКом саемот, од прва рака да се уверат колку оваа серија го олеснува преминот од статични дисплеи, со аналогни сигнали на LED дисплеи за поширока примена. Достапни се четири модели (P6, P10, P16 и P20), а сеопфатната серија на дисплеи нуди all-in-one пакет, додека нејзиното издржливо алуминиумско куќиште го зголемува векот на траење на дисплеите истовремено обезбедувајќи брза, едноставна инсталација дури и за оние корисници кои имаат многу мало техничко знаење. Икс-Пе-Бе (XPB) серијата го поедноставува креирањето, програмирањето и сопствената размена на пораките низ целата мрежа на екранот со помош на вградено решение за управување со содржината (Banner Content Management Solution CMS), кој им овозможува на корисниците да ја ажурираат содржината и генерално да ги следат вкупните оперативни перформанси од било која локација.

Претходна статијаМенаџер од Microsoft: iPad Pro е доказ дека Apple не копира
Следна статијаНовата сезона на серијата на „50 Сент“ е меѓу најочекуваните годинава