Новата машина WW8800M со „QuickDrive“ технологија го убрзува перењето на алиштата без промени во неговиот квалитет, со помош на личен асистент на база со вештачка интелегинција и популарната „AddWash врата за додавање алишта

Берлин / Скопје, 31. август 2017. – Компанијата Самсунг на саемот ИФА 2017 во Берлин ја претстави својата нова револуционерна технологија за машини за перење алишта наречена QuickDrive. Новата технологија, вградена во машината за перење алишта во WW8800 моделот на корисниците ќе им го намали времето потребно за перење алишта.1 Со подесувањето на „Super Speed“, еден циклус за перење на секојдневните алишта трае само 39 минути, што на корисниците им го заштедува времето, а притоа не влијае на квалитетот на перењето, енергетската ефикасност, зачувувањето и трајноста на ткаенините.

QuickDrive™ технологијата ќе ја промени индустријата со драматичното скратување на времето потребно за перење, кое на корисниците ќе им донесе повеќе време да уживаат во животот“, изјави Б.С. Сух (B.S.Suh), Извршен Потпреседател на Дивизија за Дигитални Домаќински Апарати на Компанијата Самсунг. „Новата WW8800M машина за перење алишта користи QuickDrive технологија за да обезбеди брзо и моќно перење на алиштата преку цел спектар паметни функции кои го олеснуваат перењето на алиштата.

Новата технологија го скратува времето на перење алипта за 50%

QuickDrive технологијата на Самсунг го скратува времето за перење алишта за 50% и употребата на енергија за 20% а притоа не влијае на квалитетот на пререњето. Нејзиниот единствен барабан Q-Drum се состои од голем, главен барабан и плоча на задната страна, која ротира независно од барабанот. За разлика од конвенционалните машини за перење алишта кои постојано се движат нагоре и надоле за време на циклусот на перење, моделот WW8800M ги движи алиштата нагоре и надоле во барабанот, но плочата во задниот дел движењето го прави напред – назад. Ова создава динамично дејство од двојни сили, кои брзо, нежно и темелно ја отстранува нечистотијата преку обезбедување на интензивен и целосен циклус на перење.

Дополнително, технологијата QuickDrive на Самсунг е независно тестирана од Интертек, најголемата светска организација за тестирање и инспекција. Интертек потврди дека технологијата QuickDrive го обезбедува истото ниво на чистење и зачувување на ткаенините како и постојаните производи, со скратено време на перење.

Новата WW8800M машина, исто така вклучува многу од врвните технологии за перење алишта на Самсунг, како што е EcoBubble, која меша воздух и вода создравјќи меурчиња од детергентот и притоа допринесува истиот побрзо да пробива низ ткаенините. Со ова максимално се зголемува ефектот на детергентот, дури и при ниски температури.

Паметна машина за перење алишта која може да се поврзе со ИоТ (Internet of Things)

Во текот на целиот циклус на перење, QuickDrive нуди низа паметни и практични функции. Машината WW8800M со способноста да се поврзе со ИоТ, нуди и паметен асистент за перење алишта базирана на вештачка интелигенција наречена Q-rаtor, која обезбедува три опции за поуспешно перење.

  • План за перење (Laundry Planner) – им овозможува на корисниците да го одредат времето кога ќе заврши циклусот за перење, давајќи им можност да го планираат своето време како што им одговара.
  • Рецепт за перење (Laundry Recioe) – обезбедува автоматски препораки за оптимален циклус на перење базирани на информации како што се боја, тип на ткаенина и степен на извалканост внесен од корисникот, со што се елиминира потребата за погодување за кој циклус е најдобар.
  • Волшебник за домашна грижа (HomeCare Wizard) – го следи работењето на машината преку далечинскиот управувач, проактивно го информира корисникот за можните проблеми и обезбедува брза поддршка за решавање на проблемот.

WW8800M исто така има иновативна AddWash врата, функција која им овозможува на корисниците можност да додаваат парче облека во секое кое време во текот на циклусот на перење2. Од заборавени чорапи до деликатни парчиња3 кои е потребно да се додадат подоцна во текот на цеклусот на перење, вратата AddWash дури им овозможува на корисниците подоцна да додадат детергент или омекнувач. Комбинацијата Q-rator и AddWash вратата обезбедува синергиски ефект кој дополнително ја подобрува леснотијата за користење, што го поедноставува процесот на перење.

Дизајнирана за подобрена издржливост и економичност

Конечно, машината WW8800M е дизајнирана за долготрајна работа. Опремен со технологијата на дигитален инветер на Самсунг, WW8800M го намалува шумот и помага во намалување на потрошувачката енергија, а истовремено обезбедува извонредна издржливот4, овозможувајќи машината за перење да ги одржува своите извонредни перформанси во перењето и зачувувањето на ткаенината. Освен тоа, WW8800M го испорачува највисокиот стандард за енергетска ефикасност А+++ за циклусот5. Исто така го користи и керамичкиот грејач Ceramic Heater + со нови анти-леплив слој кој го намалува создавањето на камења дури и до 55% во споредба со конвенционалните керамички грејачи6, што му помага на грајчот да ги задржи своите перформанси подолго.

Шдандот на компанијата Самсунг ќе биде отворен на ниво 2 во халата City Cube во Берлин од 1. до 6. септември, на саемот ИФА2017.

Претходна статијаSanDisk претстави micro SDXC картичка со капацитет од 400 GB
Следна статијаLG V30 има супериорен OLED дисплеј со мала рамка и врвна фото и видео двојна камера