2016-08-29-image-3

Кога сме кај гејмерските монитори, минативе неколку години се случија неколку промени кои ги натераа корисниците на постарите модели да посакаат нов, како поширок 21:9 формат кој овозможува многу подобро внесување во играта, но и заоблени дисплеи, кои само додаваат на целото опкружувачко искуство.

Новите монитори на Samsung, покрај овие две работи, имаат и Quantum Dot технологија, која овозможува многу пореални бои на дисплејот. Според Samsung, нивните нови модели можат да покријат 125% од sRGB спектарот, што е навистина импресивно. Претставени беа инаку неколку различни модели со големина од 24, 27 и 34 инчи, но ние ќе се задржиме на оние поголемите, кои се носители на оваа серија.

2016-08-29-image-2

Првиот, наречен CF971 е најзаоблениот гејмерски дисплеј на пазарот со 1500R закривување и 3440х1440 пиксели резолуција на 21:9 формат, како и солидни 100 Hz освежување со AMD FreeSync за синхронизација со освежувањето на графичката картичка (само на AMD) и време на одговор од 4 ms.

За оние кои сакаат најмазно и најбрзо можно искуство, препорака е сепак моделот CFG70, кој има помало заоблување од 1800R, но многу поимпресивни 144 Hz, кои ќе помогнат во мазното движење и со помоќните графички на Nvidia, како и време на одговор од само 1 ms. Овој модел сепак ќе доаѓа само во големини од 23,5 и 27 инчи.

2016-08-29-image-4

Наредната година, од Samsung очекуваме да претстави и 4K гејмерски монитори, кои сѐ уште се ретки на пазарот поради малата побарувачка од гејмерите, кои се пред сѐ загрижени за тоа играта да не сецка, а помалку за тоа на која резолуција ќе играат.

Новите гејмерски монитори Samsung ќе ги претстави на IFA саемот во Берлин, од каде ние ќе известуваме ексклузивно во живо наредниве неколку денови.

Извор: Tech Spot, GSM Arena, The Verge

Претходна статијаМакпетрол со зголемена добивка и рекордна продажба на нафтени деривати
Следна статијаHacBook Elite е евтин лаптоп со Mac OS за само 329 долари, но е нелегален