Шангај, Кина – 28. јуни, 2017 – Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.,), денес ја претстави својата линија на сензори за слика ‘ISOCELL®’ и ги демонстрираше најсовремените решенија на Светскиот Конгрес на мобилна технологија 2017 (2017 Mobile World Congress) во Шангај.

Линијата на Самсунг сензорите за слика е именувана според ISOCELL технологијата на Компанијата, што претставува оптимално решение за денешните уреди кои имаат потреба од ултра-тенок дизајн со висок квалитет на камера. Прв пат претставена во 2013, ISOCELL технологијата го одделува секој пиксел со помош на физичка бариера која го намалува прелевањето на боите измеѓу пикселите. Ова овозможува висока веродостојност на бојата, овозможувајќи одличен квалитет на слика дури и кај помалите пиксели.

Самсунг ISOCELL има четири технолошки под-брендови – Bright, Fast, Slim и Dual, кои одговараат на специфичните барања на пазарот:

  • ISOCELL Bright сензорите нудат светли и остри слики со висока веродостојност на боја и го намалува шумот во услови на недоволна осветленост
  • ISOCELL Fast сензорите обезбедуваат брз авто-фокус на објекти кои се во мирување или движење, дури и ако тие се темни
  • ISOCELL Slim сензорите ја воведуваат на пазарот најмалата димензија на пиксели од 9-1.0um, а сепак произведуваат висок квалитет на слика на најтенките уреди
  • ISOCELL Dual сензорите можат различно да се комбинираат и усогласат на корисничките уреди за да се добијат карактеристиките кои се бараат на пазарот како најнов тренд на двојна камера.

Линијата на сензори на Самсунг – ISOCELL ја претставува суштината на нашата водечка технологија за пиксели. Ние очекуваме дека линијата ISOCELL ќе им помогне на потрошувачите лесно да ја прифатат и да имаат доверба во перформансите на камерата како и на севкупниот квалитет на уредот. Со нашата напредна технологија на сензор за слика, Самсунг ќе продолжи да воведува иновации кај камерите кои ги користат паметните телефони и други апликации.” – изјави Бен Хур (Ben Hur), Потпретседател на Маркетинг за LSI Системите во Компанијата Самсунг Електроникс.

На Конгресот за мобилна технологија (MWC) во Шангај, Самсунг ги претстави и напредните логички решенија, вклучувајќи ја серијата Exynos 9 со 10 нанометри FinFET технологија на процесирање, за широк спектар на платформи како што се мобилните уреди, виртуелна реалност (VR) и уредите за носење.

Претходна статијаiPhone 8 ќе биде достапен во ограничени количини кога ќе биде претставен ?
Следна статијаXiaomi лансира ласерски проектор со висок квалитет на сликата и ниска цена