Една од најважните компоненти кај моќните гејмерски графички картички не е само количината на графичката рам меморија (GDDR), туку и нејзината брзина, односно колкав проток на податоци може да овозможи во единица време. Samsung, како најголем производител на GDDR меморија, ја лансира истата од шестата генерација, која носи вртоглав проток на податоци од 16 Gbps за меморија со капацитет од 16 GB.

Според Samsung, оваа моќ на новата меморија е иста како да префрлување 12 DVD дискови со Full HD содржина во само една секунда. Во превод, ова би значело дека игрите ќе можат да имаат многу, многу повеќе и подетални текстури, кои рам меморијата на графичката би можела без проблем да ги помине без да има пад на перформансите.

Најголемата досегашна брзина на ваква меморија е на GDDR5X во Nvidia GTX 1080Ti, каде таа постигнува проток од 11 Gbps, што е за една третина помалку од новата GDDR6 меморија. Според тоа, скокот во перформанси кај графичките од наредната генерација би можел да биде значителен дури и само ако производителите вградат нова меморија, без да ги менуваат останатите компоненти.

GDDR6 меморијата ќе биде понудена во капацитети од 8 и 16 GB, а треба за прв пат да биде вградена во новите Volta чипови на Nvidia, кои треба да пристигна наредната година и кои скоро сигурно ќе постигнат нови рекорди во бенчмарковите. Покрај GDDR6, Samsung спрема и нова HBM3 меморија, која ќе биде повеќе насочена кон графички со поголем капацитет на меморија (на пример за видео едитирање), која ќе има капацитет до 64 GB.

Извор: TechSpot, PC Gamer, ExtremeTech

Претходна статијаСиликонска 3D принт маска го излажа Face ID во iPhone X
Следна статијаЗимски гуми за безбедно возење во зима