Bio-Processor_Main_1

Името можеби ве наведе на тоа, но не, не се работи за процесор со некоја жива материја, туку за чип кој драматично ќе ги подобри можностите на фитнес уредите, како и на паметните часовници.

Идејата зад новиот био процесор на Samsung е да може независно од главниот чип да контролира неколку различни функции важни за еден фитнес тракер. На пример, тука спаѓаат мерење на отчукувањата на срцето со целосен електричен кардиограм, мерење на мускулната маса и мастите, мерење на температурата на кожата, големината и однесувањето на органите итн.

Според тоа, новиот процесор не само што ќе им овозможи на оние кои спортуваат подобра контрола над својот организам, туку и на сите луѓе, независно од начинот на живот. Затоа, овој чип може да донесе до многу големи иновации во секторот на паметните часовници, кои сега ќе имаат можност и да го следат вашето здравје.

Процесорот инаку се состои од неколку компоненти – 5 аналогни влезови, микроконтролер, процесор на дигитален сигнал и eFlash. Благодарение на сите овие компоненти, новиот чип на Samsung може да работи целосно сам во следењето на активностите, без помош од другиот процесор, што може да помогне во намалување на новите генерации на фитнес тракери.

Првите фитнес уреди и паметни часовници со новиот био процесор на Samsung ќе бидат достапни во првите неколку месеци од 2016 година и тоа нема да бидат само Samsung – Корејците секако дека ќе бидат расположени да го продадат на оној кој сака да го вгради во својот уред.

Многу е веројатно некои од нив да ги видиме уште на CES саемот во Лас Вегас или Mobile World Congress во Барселона.

Извор: Engadget, The Verge, GSMArena

Претходна статијаSony му предлага на Google да вклучи Restart копче во основниот Android код
Следна статијаWindows 10 е инсталиран на повеќе од 200 милиони уреди?