hero-product copy

Денес, ако играте некоја нова и популарна игра и не пуштите видео од играчката сесија на Twitch или YouTube, исто како да не сте ја играле. Ова особено важи за оние кои го пренесуваат играњето во живо и кои буквално заработуваат од тоа.

Отсега, овие професионалци имаат нов уред од Razer, кој треба да го направи преносот многу полесен и поквалитетен.

Razer Ripsaw се приклучува на вашиот компјутер преку USB 3.0 приклучок и зема целосна контрола врз сликата и звукот. Потоа, сликата и звукот може директно да ги пушти онлајн, во таканаречен стриминг на Twitch или YouTube, односно врши директен пренос на играњето. Ripsaw врши онлајн пренос во Full HD резолуција, односно 1920х1080 пиксели со 60 слики во секунда – доволно за гледачите да имаат квалитетно искуство.

razer-ripsaw

Потоа, на него има излези за надворешен монитор и звучници – мора и играчот од некаде да добие слика и звук, нели? Razer има спремено и неколку додатоци за овој уред, како на пример микрофони и камери, на кои гејмерот ќе може да коментира во текот на играта, нешто што е неизбежно на ваквите стримови. Сепак, стандардните A/V порти можат да прифатат и микрофони, односно камери од други производители, што значи дека ако имате нема да мора да купувате нови.

Цената на Razer Ripsaw изнесува 180 долари, што кога ќе се размисли не е многу за уред кој може да работи само со моќни гејмерски машини, кои чинат неколку илјадници долари.

Извор: Razer, TechCrunch, Engadget

Претходна статијаАвтономните возила нема да имаат потреба од семафори
Следна статијаНаредната надградба на Windows 10 ќе биде наречена Anniversary Update – ќе биде достапна од јули