Се поблиску сме до денот на претставувањето на долго очекуваната Ryzen серија на процесори од AMD и секој ден протекуваат се повеќе и повеќе податоци за новите процесори кои продолжуваат да не изненадуваат со перформансите и цените.

Ако минатиот пат ги разгледавме цените и перформансите на процесорите од повисоката класа – R7 кои за перфорамнсите имаат доста ниски цени, сега ги имаме цените на скоро сите процесори заедно со нивните стандардни тактови брзини, како и Turbo фрекфенциите.

За цена од 130 долари ќе можете да си го дозволите еден од најосновите Ryzen процесори кој има 4 јадра и 4 треда со тактова брзина од 3.2 GHz и Turbo фрекфенција од 3.5 GHz со TDP (thermal design power) од 65W и 8MB L3 кеш меморија – R3 1100.

Појакиот модел со 4 јадра и 8 треда ќе го намали вашиот буџет за 175 долари, а по перформанси R5 1300 е со иста тактова брзина, TDB и L3 кеш меморија како и R3 1100, но со дупло повеќе треда што би бил одличен модел за основни мултитаскинг процеси.

Наредниот модел е 6 јадрениот R5 1500 со 12 треда, исти тактови брзини и TDP потрошувачка како предходните 2 модела, но со двојно поголема L3 кеш меморија од 16MB. Основиот 6 јадрен модел би требало да чини 229 долари.

Потоа следуваат моделите од највисоката класа со 8 јадра и 16 треда каде најосновиот модел е R7 1700 со TDP од 65W, 16MB L3 кеш меморија, основна тактова брзина од 3.0 GHz и турбо фрекфенција од 3.7 GHz со цена од 319 долари. Во долната табела може детално да се разгледаат сите модели.

AMD Ryzen CPU Cores/Threads L3 TDP Base Turbo XFR Overclocking
Unlocked
Price
AMD Ryzen 7 1800X 8/16 16MB 95W 3.6GHz 4.0GHz 4.0GHz+ Yes $499
AMD Ryzen 7 1700X 8/16 16MB 95W 3.4GHz 3.8GHz 3.8GHz+ Yes $389
AMD Ryzen 7 1700 8/16 16MB 65W 3.0GHz 3.7GHz N/A Yes $319
AMD Ryzen 5 1600X 6/12 16MB 95W 3.3GHz 3.7GHz 3.7GHz+ Yes $259
AMD Ryzen 5 1500 6/12 16MB 65W 3.2GHz 3.5GHz N/A Yes $229
AMD Ryzen 5 1400X 4/8 8MB 65W 3.5GHz 3.9GHz 3.9GHz+ Yes $199
AMD Ryzen 5 1300 4/8 8MB 65W 3.2GHz 3.5GHz N/A Yes $175
AMD Ryzen 3 1200X 4/4 8MB 65W 3.4GHz 3.8GHz 3.8GHz+ Yes $149
AMD Ryzen 3 1100 4/4 8MB 65W 3.2GHz 3.5GHz N/A Yes $129

 

Колоната XFR е технологија која AMD ја претставуваат со Ryzen која е доста слична на технологијата која Nvidia ја користи со Paskal архитектурата. Порцеосирте ќе имаат можност да ја качуваат тактовата брзина се додека не го “удрат” термалниот ѕид (не стигнат до максималната температура на работа). Ова претставува голема предност за доста корисници кои не сакаат да ризикуваат со Overclock на својот процесор, па доволно ќе биде да купат подобар ладилник кој ќе му остави простор на процесорот да работи на повисока брзина.

Според досегашните очекувања Intel ќе мораат да реагираат и да ги намалата цените или да донесат конечно поголемо подобрување на идните генерации на процесори.

Извор: Digital Trends, Tech Report, WCCFTech

Претходна статијаBlackberry имал скоро 0% учество на пазарот минатата година
Следна статијаЖенска трка 2017: Извор на здравје, убавина и забава