Веќе знаеме дека AMD на почетокот на март треба да ги претстават долго очекуваните Ryzen процесори кои треба да влезат во директен судир со Intel моделите од сите класи.

Одредени извори на интернет тврдат дека протекле податоци скоро за целата Ryzen серија на процесори каде ќе има модели со 4 јадра и 4 треда, 4 јадра и 8 треда, 6 јадра и 12 треда и 8 јадра и 16 треда.

Иако во предходно кажавме дека AMD ќе ги рипнат шестјадрените процесори, според последните најави изгледа дека ќе ги видиме сепак на пазарот и нив.

R3 серијата ќе бидат најосновните модели кои ќе имаат 4 јадра и 4 треда, а ќе варираат со тактова брзина од 3.1 ~ 3.4 GHz. По R3 како што веќе знаеме следуваат R5 моделите кои ќе бидат малку помоќни со 4 јадрени модели со 8 треда чија тактова брзина би требала да биде од 3.2 ~ 3.5 GHz и шестјадрените модели со 12 треда кои би ја имале истата тактова брзина.

Како последни и flagship модели се R7 серијата кои на располагање ќе имаат 8 јадра и 16 треда со тактова брзина од 3.0 ~ 3.6 GHz. Повеќето од овие модели треба да се отклучени така што тактовата брзина би требало да достигне и поголеми броеви.

Секако ова се само шпекулации, а цените најверојатно ќе бидат од околу стотина американски долари, па се до шесто. Според овие предпоставки ќе добиеме одлични перформанси за пониска цена од конкурентните Intel процесори.

Извор: The Guru of 3D, Digital Trends, Forbes

Претходна статијаApple Watch се продаде во 6 милиони примероци во последното тримесечје од 2016
Следна статијаУспешни приказни поддржани од Фондот за иновации и технолошки развој