corninggorillaglass5

Многумина од корисниците на паметни телефони особено многу веруваат на Gorilla Glass стаклото кое е ставено како заштита на дисплејот и мислат дека истото е нескршливо. Ова е погрешно – сите досега произведени Gorilla Glass стакла се отпорни на гребење, дури и со тврди предмети, но не и на кршење при паѓање. Gorilla Glass 5 ќе се обиде да го исправи токму ова.

Новото стакло на Corning е специјално дизајнирано за да биде отпорно на паѓање, покрај веќе легендарната отпорност на гребење. Според производителот, нивното стакло е четири пати подобро од конкуренцијата во овој поглед и може да издржи 80% од падовите од 1,6 метри без да се искрши. Зошто 1,6 метри? Зошто тоа е просечната висина на сликање селфија, кога и најчесто ни се лизгаат нашите телефони од рацете.

Screenshot_1

Напредокот во овој дел е особено важен за корисниците на паметни телефони, бидејќи според Corning дури 85% од нив го имаат барем еднаш испуштено својот уред од рака. Потоа, скршеното стакло знае да биде исклучително скапо за промена, особено ако се работи за уред од повисоките класи, па има корисници кои се одлучуваат и воопшто да не го прават телефонот.

Првиот уред кој ќе добие Gorilla Glass 5 веројатно ќе биде новиот iPhone 7, барем според најават од Corning, според кои стаклото ќе се појави на пазарот во наредниве неколку месеци. Секако, има шанса и Galaxy Note 7 да има Gorilla Glass 5, но тоа е помалку веројатно. Како и да е, очекувајте од наредната година сите уреди од високите класи да имаат вакво стакло.

Инаку, телефон кој има стакло што е вистински отпорно на кршење е новиот Moto Z Force – според тестовите ова стакло е скоро и невозможно да распука при паѓање, дури и од многу големи височини. Сепак, негов недостаток е пак што не е толку отпорно на гребење како што е Gorilla Glass…

Извор: The Verge, Geek, MacRumors

Претходна статијаMicrosoft Bookings е нов Office 365 сервис за малите и средни компании
Следна статијаКако да активирате “Auto Upload” на фотографиите на Android преку “Google Photos”?