22-drive_px_2-1200x960-100678564-large[1] copy

Најголемиот производител на графички картички во светот, последниве неколку години почна да ја проширува својата понуда на чипови во сферата на серверите и вештачката интелигенција, а отсега тие ќе бидат присутни и кај автономните возила.

Нивниот нов Parker чип ќе биде специјално дизајниран со цел да им овозможи на системите од автомобилот полесно да ги препознаат пречките, пешаците, лентите на патот, сообраќајните знаци и останатите автомобили.

Чипот ќе може да се користи и за „длабоко учење“ со 24 трилиони операции во секунда, со цел автономните возила да стануваат уште подобри и побезбедни со текот на времето, а ќе поддржува до 12 камери, што може исто така да биде од голема помош за автомобилот да може подобро да ја „гледа“ околината.

2016-01-05-image-2

Parker чипот инаку ќе се вградува во Drive PX 2 компјутерот во автомобилите. Поточно, во него ќе се вградуваат два Parker чипови и два Pascal графички чипови со по 256 CUDA јадра. Самиот чип има две Denver 2.0 јадра, заедно со четири Cortex A57 јадра, кои веројатно ќе бидат наменети за мултимедијалните системи во возилото (од Nvidia велат дека чипот може да напојува три 4K дисплеи при 60Hz одеднаш).

Првите Drive PX 2 системи веројатно ќе се вградат во моделите на Volvo, кој е еден од водечките производители во светот на автономните возила.

Чипот инаку има прилично високи перформанси – може да преработи 1,5 teraflops информации и ќе биде 50-100% побрз од конкурентните мобилни процесори, а ќе биде дел од Tegra фамилијата, која досега се вградуваше во преносните уреди, како смартфоните и таблетите.

Извор: Venture Beat, PCWorld, TechSpot

Претходна статијаСамсунг ја проширува својата палета на AddWash машини за перење алишта
Следна статијаPinterest го купи Instapaper сервисот за зачувување на линкови