Блиску е времето кога луѓето на кои им фали екстремитет, ќе можат да стават роботска простетика, која ќе можат да ја контролираат исто како да е нивна. Напредок во вистинската насока е новиот изум на Универзитетот од Њукасл, кои имаат простетска дланка која ќе може да гледа што има пред неа.

Бидејќи сега веќе има простетски раце и нозе кои реагираат на електричните сигнали од мозокот, ова откритие делува и како малку уназадено. Сепак, според неговите создатели, роботските раце и нозе кои работат на електричните сигнали се прилично бавни и оваа технологија може да придонесе за забрзување на нивното користење.

Имено, на прототип моделот има вградено обична Logitech веб камера, која помага во побрзо препознавање на предметите. Така, кога човекот ќе посака да фати нешто со раката и камерата го гледа тој објект, целиот процес ќе се одвива многу побрзо. Софтверот во раката е инаку специјално развиен да препознава голем број на различни предмети, со голема точност. И секако, евентуален финален модел би имал многу помала вградена камера.

Истражувачите од Универзитетот од Њукасл, во иднина планираат во ваквите раце да вградат и сензори за притисок и температура, со цел да им овозможат на луѓето кои ќе ги носат да ги чувствуваат многу поприродно – исто како да се нивни.

Извор: CNET, Engadget, New Atlas

Претходна статијаFacebook Реакциите достапни и за коментарите
Следна статијаWiBAS™-Connect од Intracom Telecom избран од страна на EOLO SpA за изградба на безжичната широкопојасна мрежа низ Италија