ozo-press-photo-nature

Веројатно во последно време се прашувате како ќе се прават филмовите наменети за очилата за виртуелна реалност и одговорот е многу едноставен – со Nokia Ozo! Да, финскиот производител, бидејќи моментално не смее да произведува паметни телефони, лансираше иновативна камера, која може да снима целосно опкружувачко видео.

Камерата има облик на топка, на која се вградени осум камери со широк агол, како и осум микрофони. Ова и овозможува да го фати целиот опсег околу топката и со тоа да продуцира опкружувачко видео, кое потоа може да се употреби во VR производите.

Сепак, досега неколку други производители веќе лансираа вакви уреди, но не се грижете, има неколку елементи кои ја прават Nokia Ozo единствена. Прво, самите сензори на камерата користат напредна “Global Shutter” технологија која целосно го елиминира ефектот на дисторзија на сликата при брзо движење на камерата, а кој е присутен кај скоро сите други конкуренти. Исто така, ова е првата ваква камера која не бара дополнителна софтверска обработка за спојување на видеото – тоа се прави во самата камера, со специјален софтвер.

Иако навистина делува интересно и сигурно многумина од Вас би сакале да ја поседуваат, Nokia Ozo ќе биде достапна само за продуцентите на филмови и видеа. Втората пречка е цената, која со сигурност ќе биде над 5000 долари. И секако, на крајот на краиштата, за да снимате VR видео ќе ви треба и фантастично моќен компјутер за негова обработка.

Она што оваа камера ќе ни го донесе во наредните неколку години, пак, се многу видео содржини, па дури и филмови, во целосно виртуелна, опкружувачка реалност. Иднината навистина и не изгледа толку лошо.

Извор: Venture Beat, The Next Web

Претходна статијаНекои од Google автомобилите почнаа да снимаат воздушно загадување
Следна статијаXperia C5 Ultra е првиот телефон на Sony без рамка околу екранот