Компанијата Nissan го претстави својот комплетно електричен модел Leaf кој поседува одлични перформанси, но е и комерцијално достапен. Имено, моделот може да покрие дистанца од 240 километри и поседува речиси автономен систем на управување, за цена од само 30.000 американски долари.

Споредено со претходната верзија на овој автомобил, примарната разлика лежи во батеријата, која сега поседува капацитет од 40 киловат часови, за разлика од претходната која беше за 10 kWh послаба. Тоа и понатаму е неспоредливо со лидерите во областа на електро-моторите Tesla i Chevrolette кои имаат капацитети на батериите со кои можат да покријат преку 550 километри.

Новиот Leaf поседува моќност од 147 коњски сили што за дадените димензии на автомобилот е повеќе од задоволително, но и понатаму е далеку послабо од директната конкуренција. Она што е впечатливо за новиот модел е тоа што не е ставен претеран акцент на футуристички елементи, туку повеќе се обрнало внимание на практичноста, така што новиот Leaf потесетува на „обичен автомобил“.

Она што ќе го направи овој модел компетитивен со својата конкуренција е технологијата за автономно управување. Моделот доаѓа опремен со Nissan-овиот ProPilot систем за управување кој е способен да ја одржува лентата на движење на возилото, да држи дистанца од возилото пред себе, како и да запре во случај да има потреба.

Особено интересно е што моделот е опремен со популарната e-Pedal технологија која му овозможува на возачот да забрзува, успорува или кочи со помош на само една педала. Понатаму, што се однесува до паркирањето, ProPilot Park системот е способен комплетно автономно да го паркира возилото без асистенција.

Моделот ќе се појави на пазарот во Јапонија веќе во октомври, додека остатокот од светот ќе може да го купи од почетокот на идната година.

Извори: Mashable, The Verge

Претходна статијаTrekStor и Wileyfox лансираат два неимпресивни Windows 10 Mobile смартфони
Следна статијаОткриена нова камера која може да гледа низ човечкото тело